ДВОСОБЕН СТАН ВО „4°“  – ЗЕНИЦИ ИСПОЛНЕТИ СО ТИВКИОТ СПОКОЈ НА ЗАЈДИСОНЦЕТО

Има ли нешто помирно од прифаќањето на тивката убавина на зајдисонцето? Она кога денот ви поминал според очекувањата и зацртаните планови, обврските се подмирени, вие сте малку уморни, но исполнети и задоволни. Додека сонцето се спушта под хоризонтот, создавајќи романтични нијанси на црвено и портокалово низ небото, а птиците  полека се „возат“ накај своите гнезда, светот и вие имате шанса да издишете и да се подмладите пред утрешниот нов ден. Зајдисонцата се буквалниот крај на денот, но во двособните станови на „4°“ –  тие станаа посебна појава, симболи на мир, хармонија и ваше интимно ветување кое ви повторува дека и утре пак нештата ќе бидат според планираното. Зајдисонцата во овој тип станови станови се ваше обновување. Становите се сместени на првиот и третиот кат во „4°“. Едноставно, ова се нашите најбарани станбени единици (да, затоа се останати само уште два станови) бидејќи се најекономични и најкомпактни, доволно големи со нашиот внимателно испланиран распоред, а  доволно малечки да не чинат премногу и да не бидат товар на вашиот буџет. Совршени за млад брачен пар или оние кои планираат да почнат да живеат сами, а им е смачено да се селат постојано и мечтаат за свое гнездо. Мечтаат за свој дом, а не само стан. Бања која е доволно комфорна со највалитетна санитарија, одделна  спална соба од каде имате пристап до вашата тераса и дневен простор кој е освтелен од големи прозори низ кои ве облива златножолта светлина кога си доаѓате дома после работниот ден. Совршен почеток за вашата убава приказна, а за сите почетоци знаеме дека базата е пријатен и комфорен дом. Дом, а не само стан!

Погледнете го каталогот  овде.

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на  071/225-888 или 075/225-888.

Локација: Аеродром

https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А