Големи идеи за мали дневни соби

Недостатокот на квадратура може да се надомести со стилски идеи кои вашиот дневен простор ќе го направат да изгледа поголем и модерен. Најважно правило при уредување на мала дневна соба е избегнувањето на големи и гломазни гарнитури, темни бои и непотребни елементи, а во продолжение прочитајте како да го примените ова правило, а притоа да ја стилизирате дневната соба по ваш вкус.

Одберете помала, но функционална гарнитура. Одличен избор е аголната гарнитура која нема наслон на лежалката. Така добивате повеќе простор, а доколку ја позиционирате до ѕидот, секогаш може да импровизирате со шарени перничиња.

Избегнувајте ги големите и гломазни фотелји. Моментално тренд во светот се малите „бохо“ табуретки кои се совршена замена за нив.

Фокусирајте се на светлите бои на ѕидови и исбегнувајте тапети или декоративни техники бидејќи тие визуелно го намалуваат просторот. Доколку сте одлучени за тапет, пробајте тој да биде едноставен и во нежни нијанси.

Задржете се на минималистичкото правило „less is more” кога ги украсувате ѕидовите. Малку слики на бела основа и неколку полици ќе го обогатат просторот, а притоа тој нема да изгледа пренатрупано.

Последно, но многу важно, избегнвајте ги тешките завеси. Наш предлог е да и оставите прозорците „голи” (без завеси и ролетни). Така ќе влегува повеќе природна светлина во просторијата и ќе направи да зигледа визуелно поголема, но доколку инсистирате на некаква заштита на прозорите, препорачуваме тоа да биде тенок венецијанер или нежна, бела завеса.