Ивица Јакимовски со порака на МЕФ2019: Градежниот сектор во Македонија мора да почне да вложува повеќе во енергетската ефикасност

Дел од вториот ден на македонскиот енергетски Форум 2019 беше и Ивица Јакимовски, нашиот генерален Директор.

Тој на #mef2019mk излезе со порака дека, со оглед на тоа што градежништвото како сектор учествува со 40% од светската потрошувачка, градежните компании мораат многу, многу повеќе да вложуваат во енергетската ефикасност и во намалувањето на потрошувачката на енергија во овој сектор, особено во делот високоградба и објекти за домување.

На купувачите на недвижности им препорачува при купувањето недвижности да внимаваат на енергетската класа на објектот и да се стремат да вложуваат во објекти од енергетска класа А, која гарантира многу помала потроѓувачка и побрз поврат на инвестицијата.

Golden Art како компанија ќе продолжи да гради ваков тип на објекти, и максимално ќе вложува кон унапредување на енергетската ефикасност на секој објект, со методот на градење по систем во кој важен дел заземаат нашите партнерски компании кои произведуваат материјали со највисок квалитет.

Бидејќи секое семејство заслужува дом. Не само стан.