Голден Арт ќе се претстави на 12-от Саем за градежништво

И оваа година, нашата успешна работа во градежниот сектор ќе се обидеме да ја приближиме до секој граѓанин на Саемот за градежништво 2015, манифестација која традиционално се одржува на Скопски саем. Нашиот штанд се наоѓа на самиот влез од Хала 1 и истиот ќе биде достапен за посетителите во периодот од 3 до 7 март. Од нашите љубезни претставници ќе имате можност да добиете подетални информации за понудата на станови, за нивните предности и за сите останати детали за кои како посетители на саемот ќе сакате да добиете податоци. Ветуваме возбудлив дизајн на нашиот штанд и интересни презентации што ќе го привлечат вашето внимание