Идеи за убава, организирана и функционална бања

smallbath4

За денес одбравме баш понеделничка тема, бидејќи токму понеделник е ден во кој ни треба најмногу енергија и мотивација наутро, за успешно да ја започнеме работната недела. Имајќи го во предвид фактот што не поминуваме баш и толку многу време во бањата, често забораваме колку всушност е важна оваа просторија кога се работи за нашата самодоверба и позитивна енергија, па многумина од нас не ни обрнуваат внимание на дизајнот и декорот. Под декор, се разбира, не подразбираме само убави плочки и санитарија, туку, како и едно од нашите најважни правила при градењето: сè е во квалитетот и деталите кои домот го прават удобен и ваш.

Кај нас во Golden Art, квалитетот е секогаш на прво место, па затоа би сакале да ставиме акцент на она што не е избор, туку стандард кај нас – квалитетот пред сè! Почнувајќи од хидро-изолацијата на сите ѕидови, со која ќе се чувствувате мирни дека никогаш нема да имате проблеми со влага, мувла и сите главоболки кои тие ги предизвикуваат, па сè до најквалитетните плочки на пазарот – секој ден ќе ви започнува безгрижно. А кога станува збор за естетиката, секогаш се грижиме да нема грди цевки кои висат, простор зад казанчето кој скоро и да е невозможно да се исчисти (домаќинките знаат), и црева кои протекуваат насекаде. Сè е вградено и добро сокриено, едноставно поради тоа што работиме само со проверени и најквалитетни партнери, па нема ни да има потреба од поправки!

Доаѓаме до дизајнот – чувствувајте се слободни да помешате сè – и бои, и материјали, и стилови, со потсетување дека што повеќе мешате, толку помалку предмети треба да внесете. Сепак, бањата е место за опуштање, зар не?
Размислувајте чисто и организирано, создадете свој мини-систем со чија помош секогаш ќе знаете каде Ви се наоѓаат сите ситници.
Додадете некој предмет кој никогаш не би го замислиле во бањата, како интересен тапет или велосипед претворен во полица и држач за мијалник.
Не бегајте од дрво – сè што Ви треба е квалитетно парче со соодветен водоотпорен премаз – ќе трае и ќе го затопли просторот.

И за крај, кој вели дека на уметничките слики не им е местото во бањата? Разгледајте ја нашата галерија и уверете се во спротивното! 😀