48m2 во Urban Garden – кои се предностите на овој комплекс?

Започнувате ново поглавје од животот, првпат одлучувате да живеете одвоено од домашните, започнувате свое семејство и сакате да креирате катче кое е само ваше и совршено ја отсликува вашата практичност?

Честитаме, нема поубаво чувство!

Нашето мото, „Дом. Не само Стан.“ е посветено токму на овие моменти. Вашата доверба ни е главниот мотив при изградбата, па токму затоа, гарантираме за квалитетот на секој дом кој го нудиме. Дел од нашата топ понуда оваа недела е и овој дом од 48m2, од комплексот Urban Garden кој се наоѓа на бул. „3-та Македонска Бригада“, веднаш до American College.

Оваа квадратура е совршена доколку барате помал, но комфорен стан, со посебна спална соба, со непречен поглед кон зајдисонцето над Скопје и Водно бидејќи се наоѓа на последниот кат и има западна ориентација.

Просторот може да го испланирате совршено да одговара на вашите потреби, и во новиот дом да уживате со генерации, знаејќи дека сте вложиле во дом изграден од првокласни материјали, вградени по Golden Art системот за градба. Секој дом од објектот е енергетски ефикасен дом од класата А, што гарантира ниски трошоци за греење и ладење во текот на целата година.

Дополнително на тоа, во секој дом има посебен вграден систем за греење и ладење на принцип на топлинска пумпа, кој го подобрува квалитетот на воздухот и со чија помош сами ја прилагодувате температурата на просторот во секоја соба, што значи дека плаќате само онолку колку што трошите, без месечни тарифи. Кликнете тука за да прочитате повеќе за системот.

Уште една предност на комплексот Urban Garden се отворените зелени површини и зелениот покрив, чија намена е да го освежи амбиентот околу комплексот, да ја апсорбира атмосферската вода кога температурата е повисока, и да ја ослободува таа вода кога надвор е топло, дејствувајќи како изладувач на зградата, слично како потта и човечкото тело.

Локациски, Urban Garden има своја посебна сервисна улица за пристап, а преку булеварот 3-та Македонска Бригада се поврзувате со центарот на Скопје за само неколку минути. На помалку од 300 метри има автобуски постојки во двата правци, а на помалку од 1km има бројни училишта, градинки, здравствени установи,  шопинг центри и маркети. Самиот комплекс исто така ќе вклучува и маркети, продавници и други деловни простории кои ќе ви го олеснат секојдневието.

Изградбата на комплексот може да ја следите на овој линк, објавуваме новости на неделно ниво. За повеќе информации, ве очекуваме во нашите простории на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7 (поранешна Руди Чајавец), позади Тобако 2 во Аеродром.