Геометриски плочки – тренд кој го освои светот

Геометрискиот дизајн е добро познат и екстремно популарен во светот на внатрешното уредување. Најновиот тренд, кој што оваа година дефинитивно доминира се геометриските плочки.

Плочките, особено оние во кујната и бањите, имаат функционални улоги и естетско значење. Плочките со геометриска шема автоматски го привлекуваат вниманието и ѝ даваат посебен шарм на просторијата.

Геометриските плочки најчесто се присутни во просториите кои се уредени во модерен стил. Со цел да се постигне саканиот ефект се користат во минимум две бои, но доколку останатиот дел од мебелот е во една нијанса, тогаш можете да експериментирате и со три или повеќе бои.

Во продолжение неколку идеи кои можеби ќе ви бидат инспирација при изборот на плочки за вашиот дом.