Минимализам во бањата

Доколку сте љубител на стилот „less is more“ или минимализам, во кој акцентот е ставен на едноставноста и чистиот изглед, тогаш дефинитивно одличен избор за вас е минималистичкото купатило.

Бидејќи минималистичкиот стил бара суптилни детали и светли бои, во продолжение ви даваме 3 идеи како да ја задржите минималистичката атмосфера во бањата, а сепак да ја декорирате по ваш вкус.

Еден од најдобрите начини да и дадете шарм на минималистичката бања се свежите билки кои можете да ги ставите во бели керамички саксии или во плетени кошници. Доколку бањата е мала, одберете ниски растенија кои може да ги поставите на елементите, а кога е во прашање голема и просторна бања, тогаш можете да експериментирате и со високи и големи растенија кои може да стојат и на подот.

За да го избегнете стерилниот изглед, а притоа да додадете функционалност во просторот ставете полици и кошници кои ќе ги наполните со вашите неопходни работи за во бањата.

Минимализмот е познат по светлите бои: бела, светло сива, беж, крем… Задржете се на овие бои при изборорт на плочки и санитарија, но експериментирајте со боите на пешкирите и чергичињата. На овој начин ќе можете секогаш кога ќе ви здодее една боја, брзо и лесно да ја замените и да добиете потполно нов изглед.