Младешки стан од 42m²

Млади сте, скоро вработени и сакате свое мирно катче да го надополни вашето секојдневие. Урбаната џунгла станува сѐ погуста, животот сѐ побрз, и во оваа ситуација многу е тешко наоѓањето стан кој во исто време ќе ги исполнува вашите барања за домување и ќе биде соодветен на нашиот џеб. Ве разбираме, но, кој вели дека живеењето во малечок стан треба да биде кошмар?

Иако има површина од само 42m², овој стан не може да се нарече малечок, токму поради тоа што ги има сите елементи кои на една млада личност и’ се потребни, а изгледа толку убаво, што ќе посакате петочните излегувања со пријателите да се релоцираат кај вас дома.
Релативно малата квадратура ги инспирирала дизајнерите да ја искористат целата креативност во креирањето на овој простор. Тимот одлучил да изостави некои од конвенционалните елементи како кревет и софа и пронашол доста интересна замена за нив – две платформи.

1

Првата од нив е продолжение во висина на прозорецот и формира триделна функционална средина – работна маса, место за дремка/седење/гледање филмови фиокар. Оваа комбинација овозможува три различни функции во една структура. Завеси од дебела непроѕирна ткаенина Ви овозможуваат доволно светлина за секојдневните обврски, но и приватност во моментите кога сакате да се исклучите од надворешната средина, земајќи во предвид дека дел од платформата може да се користи како кревет за гости.

2

Во Golden Art дополнителна приватност, изолација и мир нудат материјалите кои ги користиме при градењето на Вашиот нов дом.

Уште еден елемент кој овозможува максимално искористување на просторот е телевизорот кој се спушта од плафонот. ТВ проекторот е на другата страна на собата фиксно поставен на плафонот.

3
4

Втората платформа е главниот простор за спиење. Стои над длабоки фиоки кои можат да се користат за складирање сезонски предмети, облека и т.н. Просторот за спиење се сокрива зад подвижен сепаратор кој обезбедува приватност, но и скриен простор кога остатокот од станот сакате да го користите како место за дружење.

5

За декорација на ѕидовите се избрани свежи бои кои до максимум ја истакнуваат дневната светлина, а и визуелно го прошируваат просторот. Има два акцентирани ѕидови – едниот со светли цигли, а другиот темно сив, налик на бетон. Оваа комбинација на бои дава посебен стилски изглед и димензија на просторијата.

6

Просторот за складирање е искористен до максимум со сите вградени фиоки и полиците.

7

Целиот дизајн е изведен со едноставни форми и материјали. Ова му дава холистички изглед на станот, а тоа се забележува и во другите простории, како кујната и бањата. Кујната е просторна и вклучува и трпезариска маса.

8-б

Ѕидот од црна подлога за пишување (не, училипната табла не е наменета само за измачување), бели и сиви елементи, црно-бел под и плочки со геометриски мотиви.

8-а

Убаво испланираниот простор им овозможжил на дизајнерите да направат целосна бања, со када, широко лавабо, ормар, машина за перење и многу модерен дизајн. Главната шема на бои е комбинација од бела и темно сива, но исто така има и разнобоен керамички мозаик со повеќе текстури на ѕидот кај кадата. Како екстра детал, виолетовата завеса дава завршен софистициран изглед на декорот.

9 10

Едноставноста на дизајнот во овој случај е резултат на добро осмислениот распоред на елементите. Мозаикот, големото огледало и останатите елементи ја акцентираат убавината на дизајнот и резултатот е хармонична композиција која комбинира изглед со функционалност.

11

Ве инспирираше дизајнот на овој стан? Би сакале Вашиот дом да изгледа вака? Golden Art Ви нуди најразличен избор на станови со најголем квалитет и најпристапна цена. Прегледајте ја нашата понуда ТУКА, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!

1312