Најубавиот дом за љубителите на книги

contemporary-house-7

Нема ништо поубаво од чувството кога после долг и напорен ден ќе дојдете дома и ќе се опуштите со добра книга и најблиските. Токму тоа чувство се обиделе да го пресликаат архитектите кога го создавале овој светол и разигран дом во Париз, чија фокална точка е уникатната библиотека, истакната уште повеќе од многуте огледала и разиграните бои кои се провлекуваат низ просторот.

Наречен „The Bookshelf House“ (Куќа – полица), овој проект е дефиниран со дрвото кое е присутно насекаде – од самата полица за книги, преку ормарите и скалите, до преградните ѕидови.

Се надеваме дека ќе Ви се допадне галеријата. 🙂