Наше искуство: Мерки за колективна заштита од COVID-19 во поголеми станбени објекти

Ако научивме една работа од изолацијата – тоа е дека најбезбедни сме дома. И дека веќе никогаш нема да е ист начинот на кој ги извршуваме секојдневните обврски.

Пазарење онлајн, пребришување намирници, миење раце, работа од дома, игри по дома, пикник на тераса, поздравување без гушкање, повеќе видео состаноци, помалку растрчување низ град – нови навики има еден тон.

Живеењето во поголеми згради навистина претставува предизвик кога се работи за заштитата од ширењето на Covid-19. Како никогаш досега, ставена е на тест свесноста и колективната одговорност на секој еден од нас како припадник на една заедница, а живеењето во зграда е една таква заедница, каде заштитата зависи од однесувањето на секој сосед. Со цел да им олесниме на станарите и да им помогнеме во обидите за ефикасна заштита, во соработка со друштвото за управување ДОМ 365, во сите Golden Art објекти ги применивме следниве мерки за заштита:

  • Поставивме плакати со совети за заштита на секој влез, пред лифтовите и на влезот од гаражите во објектите
  • Поставени се средства за дезинфекција на раце на влезовите, пред лифтовите
  • Се врши редовно чистење и дезинфекција на објектите

Притоа, мора да напоменеме дека многу не радува фактот што сите станари се однесуваат свесно и одговорно, што во голема мера ја олеснува работата на тимот за одржување.

Ги охрабруваме сите останати куќни совети, управители на згради, но и самите станари во други објекти исто така да спроведат мерки за заштита, според нивните можности и потреби.

Со почитувањето на мерките за безбедност придонесуваме за заедничка заштита. Јавното здравје е наша заедничка одговорност!

Остани дома, сопри го ширењето, спаси живот!

Golden Art
Дом. Не само Стан.