НЕЗАБОРАВНИ УТРА ВО МОЈОТ ТРОСОБЕН ДОМ НА ИСТОК

Рационалниот и „зелен“ начин на живот и користење на ресурсите е етички тренд на модерниот живот во сите светски метрополи. Ние во „Голден Арт“ се трудиме да го воспоставиме овој стандард одамна, па токму според оваа визија тргнавме во реализација и на комплексот „4°“ во скопската населба „Аеродром“. Проектирањето и реализацијата на „4°“ за нас беше двојна пријатност,  заштедувајќи ви вам и на вашето семејство идни ресурси и пари и зачувување на вашата пријатна околина и допир со природата.

Системот на градба на „Голден Арт“ ви нуди иден пријатен и „паметен дом“ и не само што ја следи потрошувачката на енергија и го информира сопственикот за тоа, туку ви дава оптимални и економични начини на користење на просторот.

Стереотипот дека Исток е омилена страна на светот за сите градители во „4°“ се покажа како вистинит. Нашите проектатни и инжинери навистина уживаа во создавањето на овие трособни домови од  безмалку 70 квадратни метри сместени на источната страна на комплексот. Достапни се на висина од првиот до деветиот кат. Уште при првата посета вие не можете да се одвоите и тоа е природно од сончевата светлина во дневниот простор. Природната светлина  ни помога да се чувствуваме поврзани со природата и ни дава чувство на припадност, според студијата на Универзитетот во Илиноис. Така тие откриле дека оние семејства кои живеат во природно добро осветлени простори и блиску до зелени површини или имаат поглед на природата, изјавиле дека имаат „посилни чувства на единство со своите најблиски“ и зголемено чувство на припадност. А комплексот „4°“ и овие трособни станбени единици се токму такви!

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.

Локација: Аеродром

https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.

Корисни информации за објектот: https://www.goldenart.mk/katalog-komplekt-4/
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А