Ново во понудата: Golden Art Entrada

Доколку сте во потрага по гарсоњера, или стан со една или две спални соби, на локација која овозможува лесен пристап до источниот дел на Скопје – Entrada е вистинскиот избор за вас! Препознатливиот Golden Art овојпат може да го пронајдете на нашата нова локација за градба во Општина Гази Баба.

Становите во овој објект се распоредени во 2 влеза и се вкупно 34 на број. Паркинг просторот е организиран во две подземни нивоа. Приземјето е резервирано за деловен простор, првиот влез има 5 ката и поткровје, додека пак вториот влез се состои од 4 ката, плус поткровје.

Официјалниот каталог наскоро доаѓа на нашата веб страница, а првиот стан кој ќе Ви го претставиме е овој стан од 47 метри квадратни, со една спална соба, отворена дневна и кујна, тераса до која има пристап и од дневната, и од спалната соба, и бања пред која во нашиот предлог за уредување е испланиран и простор за складирање.

 

Доколку овој распоред Ви се допаѓа, може да нè контактирате на 071/225-888 или 075/225-888, како и да ги посетите нашите канцеларии на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7, во населба Аеродром. Нашиот тим за продажба детално ќе Ви го презентира објектот и тековната понуда.

Golden Art
Дом. Не само Стан.