Одбери дом во Urban Garden и заштеди! (Неделни предлози 10-17.02)

 

Urban Garden – комплекс во кој добивате до 60% заштеда на годишно ниво

Одлична локација, поволна цена, првокласните материјали, вградени по Golden Art системот за градба, се само дел од предностите на комплексот Urban Garden. Примената на системот за градба гарантира дека добивате енергетски ефикасен објект од А-класа. Дополнително на тоа, секој дом доаѓа со вграден систем за греење и ладење, исто така од енергетска класа А.

Разгледајте ги нашите предлози за оваа недела, и контактирајте не за дополнителни информации.

ОРИЕНТАЦИЈА – ИСТОК

Доколку барате гарсоњера, оваа недела издвојуваме: Стан тип А3

Во распоредот се вклучени бања, кујна, отворена дневна соба и тераса. За идеи околу уредувањето и распоредот, можете да ги консултирате нашите архитекти. Терасата е со ориентација исток.

 

 

ОРИЕНТАЦИЈА – ИСТОК

Стан со една спална соба: Тип Б7

Овој тип на стан во својот распоред вклучува една спална соба, отворена дневна соба со кујна и трпезарија, бања и источно ориентирана тераса. Нудиме опција за измена на внатрешните ѕидови по ваша желба (освен на ѕидовите низ кои поминуваат инсталациите) во фаза кога се уште не е завршено со ѕидање на внатрешните ѕидови. За повеќе информации околу измените на внатрешните ѕидови, може да не посетите во нашите простории на ул. „Руди Чајавец“ бр. 7, позади Тобако 2 во Аеродром.

 

ОРИЕНТАЦИЈА – СЕВЕРОИСТОК

Стан со две спални соби: Тип В2

Овој распоред вклучува 2 тераси – една со северна и една со источна ориентација, потоа 2 спални соби, бања, тоалет и отворена дневна соба со кујна и трпезарија. Секој дом во Urban Garden доаѓа со вграден систем за греење и ладење на принцип на топлотна пумпа, кој во комбинација со останатите елементи на Golden Art системот за градба ќе ви обезбеди до 60% пониски сметки за електрична енергија на годишно ниво. Кликнете тука за да ги разгледате материјалите кои ги вградуваме во објектот.

Објектот Urban Garden е лоциран на само 5 минути од центарот на Скопје, на јужната страна на булеварот „3та Македонска Бригада“. Дизајниран соодветно да одговара на потребите на модерното живеење, овој комплекс има многу предности, меѓу кои ги издвојуваме:

  • Комплетна примена на првокласни материјали во склоп на веќе препознатливиот Golden Art систем за градба;
  • Близина до училишта, градинки, маркети, шопинг центри, здравствени установи;
  • Одлична поврзаност со главните точки на Скопје;
  • Над 1200m2 отворени зелени површини во самиот комплекс;
  • Деловен простор во самиот објект кои ќе биде наменет да ви го олесни секојдневното живеење;
  • Вграден систем за греење и ладење на принцип на топлотна пумпа, посебен за секој стан;
  • Пониски сметки во текот на годината поради тоа што секој дом е енергетски ефикасен дом од А-класа.

Ви се допаѓаат нашите предлози? Побарајте понуда од нашиот тим за продажба,  јавете се на 071/225-888 или 075/225-888, или посетете не на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7 (поранешна ул. „Руди Чајавец“), позади Тобако 2 во Аеродром.

Golden Art
Дом. Не само Стан.