Политика на приватност

Политика на приватност

Оваа Политика на приватност се однесува на понудата на производи на Голден Арт ДООЕЛ Скопје, како и на веб страната goldenart.mk и нејзините поддомени.

Политиката на приватност има за цел да ги објасни практиките на компанијата во делот на поединечните идентификациони податоци (Лични податоци) кои ги обезбедувате Вие или некоја трета страна на веб страната на Голден Арт ДООЕЛ Скопје – goldenart.mk и нејзините поддомени.

Заштитата на личните податоци на корисникот на оваа веб страна се регулирани со оваа Политика на приватност и одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за Заштита на Личните Податоци.

Лични податоци

Личните податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички и маркетиншки цели, како и за подобрување на понудените услуги. Информациите кои ги собираме при вашата посета ни помагаат да понудиме прилагодено и персонализирано решение за секој наш клиент и со тоа да го подобриме севкупното искуство во користењето на нашата веб страна, за да одговориме на одредено ваше барање, да ја обработиме вашата нарачка или да ви овозможиме пристап до специјални информации или понуди.

За прегледување на оваа веб страна не е потребно да доставите лични информации. Ние обработуваме само информации кои се доброволно дадени од посетителите. Вие самите одлучувате дали во рамките на некоја регистрација, порачка, анкета или друг вид на форма ќе ни ги соопштите тие податоци или не.

Автоматски собрани информации, кои не се лични податоци

При прегледување на оваа веб страна, одредени информации се собираат автоматски (не преку регистрација), кои не се поврзуваат со определено лице (на пр. користен интернет-пребарувач, име на домен од кој доаѓате, број на посети, просечно време на задржување на страницата, повикани страници и сл.) Голден Арт ги користи овие информации за да ја испита атрактивноста на нашата веб страна и да ја подобри нивната содржина. Ако ја посетите нашата веб страна, може да се случи во вашиот компјутер да ставиме информации во форма на „Cookie” (колаче), кое ве препознава автоматски при вашата следна посета. Овие Cookies дозволуваат одредена веб страница да се приспособи кон вашите интереси или да ја зачува вашата лозинка, за да не мора секој пат одново да ја внесувате. Ако го одбивате користењето на Cookies, имате можност да го наместите вашиот интернет пребарувач, така што ќе ги брише овие Cookies од вашиот компјутер или ќе ги блокира сите Cookies, пред да се зачува кое било од нив.

Сигурност

Голден Арт презема и одржува строги мерки за заштита на безбедноста и доверливоста на Вашите лични податоци за да ги заштити истите од случајни или намерни манипулации, губење, уништување или од пристап од страна на неовластени лица. Вашите лични податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавство бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.

Измени во Политиката на приватност

Друштвото го задржува правото да врши измени на оваа Политика на приватност во секое време. Датумот на измената ќе биде прикажан на оваа веб страна, при што измените ќе стапат на сила од денот на последната измена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате Политиката на приватност со цел подобра информираност.

Прашања и право на информација

Ако имате било какви прашања или загриженост во врска со нашата Политика на приватност на Вашите податоци при користењето на оваа веб страна, Ве молиме да ги испратите на:

info@goldenart.mk

Ул. Методија Шаторов – Шарло бр. 7 дп3 / Аеродром 1000 Скопје

Оваа Политика на приватност може да биде изменета во било кое време, при што сметаме дека сте известени со самото поставување на новата или ревидирана Политика на приватност на нашата веб страна.