Убавината е во малите нешта: стан од 45m2 со мини слатки детали

Дури и најмалиот простор може да изгледа луксузно доколку ги одберете вистинските материјали, бои и детали! Овој дом од 45m2 го потврдува токму тоа.

Секој агол од домот е правилно искористен, создавајќи елегантен и пријатен амбиент кој плени со едноставноста, пред се.

Основната боја е белата, која во комбинација со дрвени елементи, црно и нијанси на сиво го прави просторот да делува како да е излезен од списание 🙂

За нас, најинтересен дел од станот е полицата која ротира, со обичен простор за декоративни елементи од едната страна, и телевизор од другата страна, правејќи 2 во 1 простор кој е истовремено убав, но и корисен.

Кој е вашиот омилен елемент во овој дом?