Утринско кафе со поглед кон Скопје – Одберете нов дом во Urban Garden!

Замислете го чувството кога за викенд не брзате никаде, и на мира го пиете првото утринско кафе со непречен поглед кон Водно. Утринското кафе со поглед кон зелените површини од комплексот Urban Garden ќе ви го намали стресот и во текот на работната недела.

Во склоп на нашиот комплекс планиран е и зелен покрив, чија намена е да го освежи амбиентот околу комплексот, да ја апсорбира атмосферската вода и да ја ослободува таа вода кога надвор е топло, дејствувајќи како изладувач на зградата.

Од друга страна, во секој дом има посебен вграден систем за греење и ладење на принцип на топлинска пумпа, кој го подобрува квалитетот на воздухот и со чија помош сами ја прилагодувате температурата на просторот во секоја соба, што значи дека плаќате само онолку колку што трошите, без месечни тарифи.

Од понудата на станови за оваа недела, ви предлагаме 3 стана:

Стан Тип А3 – ориентација: исток

Стан Тип Б5 – ориентација: запад

 

Стан Тип Б7 – ориентација: исток

Работејќи со мотото „Дом. Не само Стан.“, во Golden Art влоужуваме во првокласни материјали при изградба. Одбирајќи нов дом во комплексот Urban Garden кој со посебна сервисна улица е поврзан со булеварот. „3-та Македонска Бригада“, добивате квалитетен дом на добра локација од која за помалку од 10 минути возење ќе стасате до центарот на Скопје.

Во непосредна близина има неколку училишта, градинки, здравствени установи, шопинг центри и маркети. Во состав на самиот комплекс се планирани и нови маркети и продавници кои ќе ви го олеснат секојдневието.

За повеќе информации, јавете се на 071/225-888 или 075/225-888, или повелете во нашите простории на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7, позади Тобако 2.

Golden Art
Дом. Не само Стан.