Ве очекуваме на саемот на градежништво и недвижности 2017

16797800_1006834299418493_742107017516165632_o


Саемот на градежништво и недвижности
секоја година е место каде ја имате комплетната понуда од сите компании и производители на едно место. Затоа, одлучивме да ги одбележиме овие 5 дена кои доаѓаат со една од предностите на 21-от век – виртуелната реалност.

Имено, ќе ги оставиме на страна сите каталози, скици, брошури и хартија, и од 28.02 (вторник) до 04.03 (сабота) ќе ги отвориме „вратите“ на веќе изградени станови од нашата понуда. Брзо и лесно, само со помош на VR визорите, ќе може детално да ги разгледате становите за кои сте заинтересирани, а нашиот тим ќе стои на располагање за сите Ваши прашања.

Бидејќи квалитетот е наша единствена цел, комплетно се потпираме на воспоставениот Golden Art систем за градба, систем кој гарантира дека при купувањето стан во Golden Art, добивате градба изградена само од првокласни материјали од врвни производители како Rehau, Knauf, Baumit, Kema, Ideal Standard, Nexe, TKK, Metron и други.  Сите овие партнери ќе може да ги најдете на нашиот штанд во хала 1 и на ниту едно друго место на саемот. Ќе Ве пречекаме со многу интерактивни работилници и презентации, со цел да Ве запознаеме со она што може да го очекувате како наши клиенти.

Дечињата се секогаш нашата „јаготка над шлагот“ и секогаш ни го развеселуваат штандот, па затоа за нив имаме катче каде ќе може да се забавуваат додека мама и тато го одбираат новиот дом.

На овој линк погледнете како си поминавме минатата година 😀

Се гледаме на саем!