Вредни новини за максимална сигурност и безбедност во секој агол од домот

Во објектот GA02 на улицата „Милан Зечар“ во Аеродром вградивме влезни и собни врати кои влеваат доверба во секој поглед. Сигурносните влезни врати MS 14со цврста челична конструкција имаат четири фиксни и 10 подвижни точки на заклучување и посебна брава со мали клучеви, кои го оневозможуваат натрапникот да пристапи во домот. Влезните врати во секој од становите се противпожарни, со врвна заштита од пожар во времетраење од 30 минути. Доказ за беспрекорниот квалитет на вградените сигурносни врати е нивното задоволување на европскиот стандард за противпожарност EN 1634-1. Истовремено, влезните врати се и енергетски ефикасни, поради тоа што оневозможуваат оддавање на топлина од внатрешните простории. Сигурносните врати даваат целосна сигурност во делот на антизвучната заштита, која е обезбедена од специјална италијанска технологија за звучна изолација.

Касите на вратите што ги поставивме во новите станови се изработени од сендвич конструкција од ламелирано дрво, без можност за деформации. Производител на вградените панели е италијанската компанија FINITURA. За заштита од непотребни звуци, во влезните врати се инсталирани италијански silent брави со запчест механизам, додека сите кваки на вратите се изработени од инокс.

Собните врати во становите се составени од магнетна брава и три асиметрично поставени шарки. Вредно е да се напомене дека беспрекорната италијанска технологија осигурува противпожарна заштита во траење од 90 минути. Посебно внимание посветивме на вратата од тоалетот, во која се вградени вентилациони алуминиумски решетки и магнетна брава со копче за антипаника, во случај на заклучување на дете или постара особа.

Покрај со првокласните врати, заштитата од опасности во бањата ја постигнуваме и во делот на кабините за туширање. Во објектот вградивме туш кабини од калено стакло, кое претставува сигурносно стакло што се употребува кај автомобилите. Каленото стакло е за шест до седум пати појако од обичното стакло. При евентуално кршење, каленото стакло се распарчува на ситни безопасни делови, без притоа да нанесе повреди. Сите овие новини во нашите станови се вистинска причина за да истакнеме дека ги задоволуваме и најстрогите потреби на станарите за максимална безбедност и сигурност во секој дел од домот.