Најдобро уреден дом, не само стан

Во овој блог ви ги преставуваме дел од наградените во активацијата “Најдобро уреден дом, не само стан”, која во изминатиот месец ја организиравме за станарите во објектите на Golden Art. По пријавувањето, станарите испратија слики и нашиот тим на архитекти одбраа неколку одлично уредени станови кои може да послужат како инспирација при уредување на вашиот дом. 

Станот на Александра во објектот GA06 е инспирација за модерно живеење и заслужено еден од наградените во активацијата “Најдобро уреден дом, не само стан”. 

Спојот од дрвени елементи и различна текстура на ѕидовите дава многу топлина на просторот, а одличната организираност креира простор за уживање во секојдневните ритуали. 

Чиста петка!

Елена Јованова и нејзиниот одлично уреден стан во Urgan Garden ќе бидат супер инспирација за оние кои бараат нешто ново и интересно. 

Стилот кој е еден од наградените во активацијата “Најдобро уреден дом, не само стан”, е лесно да ви се допадне, но не е едноставно да се постигне. 

Бидете храбри и експериментирајте со уметноста, декорот и осветлувањето се додека просторот не предизвика чувство на целовитост.

Кога при уредувањето на домот се водите од вашите вредности и вашиот животен стил, ќе добиете простор каде деталите ве асоцираат на убави спомени и на градење заеднички живот. 

Домот на Надица има разигран мебел со бројни украси кои имаат посебно значење за членовите на семејството. Им посакуваме да креираат уште многу убави спомени во својот дом во Голден Арт.

Спојот на модерното и класичното резултира со стил кој е еден од наградените во активацијата “Најдобро уреден дом, не само стан”.

Домот и припаѓа на Весна и се наоѓа во објектот GA02. Весна создала простор со многу природна светлина и елементи кои даваат чувство на модерна класика. Секоја чест!