Најубавите новогодишни дрвца за 2018/19

 

Ако сте перфекционист и на сè во животот приоѓате со посебно внимание, сигурни сме дека и домот за празниците сте го уредиле по сопствена мерка. Божиќното дрво како централен елемент на секоја прослава во овој период треба да шири позитивна енергија и топлина, но и да го отсликува духот на целото семејство.

Во галеријата подолу ќе ги погледнете фотографиите од 2018 кои ни се апсолутни фаворити, а ако сè уште не сте стигнале да го претворите домот во новогодишна магија – можеби и ќе „украдете“ некоја идеја. Ќе најдете за секого по нешто: од минималистичко дрво без декорација, преку цветни орнаменти, па сè до дрвца декорирани со вистински колачиња.

Уживајте!