Новата зграда на ул. Милан Зечар во Аеродром брзо напредува

За само 20 дена од поставувањето камен – темелник на новата станбена зграда на улицата Милан Зечар во населбата Аеродром, веќе излеговме „над земја“, а за нешто повеќе од еден месец веќе почнавме да го градиме петтото надземно ниво. Кога се купува стан, еден од најважните критериуми на купувачите е навременото вселување. Свесни сме за очекувањата на нашите клиенти и затоа ревносно работиме на запазување на роковите.

За беспрекорна хидроизолација во новата станбена зграда на улицата Милан Зечар во населбата Аеродром, вградуваме моќен бетон со додаден адитив Cementol Hiperplast 179 на познатиот словенечки производител на градежни материјали „ТКК“. Со употребата на овој производ се зголемува цврстината на бетонот и до 30% во споредба со обичните суперпластификатори, со што има директно позитивно влијание врз квалитетот и безбедноста на објектот. Користењето на овој исклучителен производ ја олеснува и нашата работа, бидејќи обезбедува продолжено време на обработливост на бетонот и работа при поголем опсег на температури.