Од дома, а кај нас! Упатство за закажување видео-состанок со тимот на Golden Art

Од дома, а кај нас!

2 клика се доволни за да ни се придружите на состанок во нашите канцеларии без воопшто да излезете од дома.

Чекор 1:

Јавете се на 071/225-888 или 075/225-888, или пишете ни порака на Facebook или Instagram и наведете за каков стан сте заинтересирани.

Чекор 2:

Договорете се за терминот на состанокот и со нашиот тим.

Чекор 3:

Кога ќе дојде време за состанокот, нашите агенти ќе ви испратат линк за вклучување во состанокот. Кликнете на линкот.

Чекор 4:

Следете ги упатствата на екранот, нашите агенти ќе ве водат низ целиот процес. За само неколку кликови, состанокот ќе започне.

Чекор 5:

Состанокот започнува! Од нашите агенти ќе ги добиете сите потребни информации, ќе имате пристап до скици, документи, и сите останати информации кои ви требаат за да можете вашиот нов дом да го одберете без воопшто да излегувате од дома.

Останете дома! Со почитување на мерките за заштита од ширење на болеста COVID-19, заеднички спасуваме живот!

Golden Art
Дом. Не само Стан.