Одлична понуда на станови во нашата втора зграда во општина Аеродром

Ви ја претставуваме нашата нова инвестиција – станбена зграда со приземје, осум ката и поткровје, лоцирана на улицата Милан Зечар во општина Аеродром. На располагање Ви стојат 85 станови со следните квадрарури:

– 38 m² (една спална)
– 40 m² (една спална)
– 42 m² (една спална)
– 54 m² (две спални)
– 63 m² (две спални)
– 76 m² (три спални)
– 120 m² (три спални)

Разновидната понуда на станбени единици е надополнета со идеалната локација на објектот, кој ќе биде сместен на само неколку стотини метри од Кејот на реката Вардар, Меѓуградската автобуска и железничка станица, трговскиот центар „Веро“ и на само 20 минутно пешачење до плоштадот „Македонија“. Во самото соседство на идниот станбен комплекс се наоѓа градинка, две основни училишта – „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“ и поликлиниката „Јане Сандански“.