Плаќам колку што трошам – купувачите во Urban Garden добиваат вграден систем за греење и ладење

Во сите Golden Art објекти ставаме посебен акцент на енергетската ефикасност. Главната причина за тоа не е само заштедата која ја имаат купувачите во текот на годината, туку и заштитата на животната средина во целост.

Најновиот проект во нашата понуда, комплексот Urban Garden во Аеродром, припаѓа на А-класата енергетски ефикасни објекти, поради примената на веќе препознатливиот Golden Art систем за градба, кој за купувачите претставува наша гаранција за квалитет.

Новитет за клиентите кои ќе одберат да ја градат својата приказна токму во Urban Garden, и едно од најчесто поставуваните прашања е вградениот систем за греење и ладење на принцип на топлотна пумпа. Еколошки дизајниран, овој систем работи со технологија на ниска фрекфенција на инвертер, со што значително се намалува потрошувачката на енергија со прилагодување на брзината на компресорот според потребното оптоварување во  просторијата.

Плаќате онолку колку што трошите и дишете чист воздух

Системот доаѓа со безжични далечински управувачи кои овозможуваат индивидуално прилагодување на температурата во секоја просторија и ја максимизираат удобноста. Системот го користи еколошко ладилно средство за да генерира поладно или потопло ниво на температурата, и доаѓа со современ систем за филтрирање кој го подобрува квалитетот на воздухот. Влегувајќи во склоп на Golden Art системот за градба, овој систем за греење и ладење е дел од елементите кои секој Golden Art дом во овој комплекс го прават енергетски ефикасен, со А-класа за потрошувачка на енергија.

Тоа значи дека добивате систем со висока ефикасност со перформанси од висока класа кој овозможува удобност, бескомпромисен личен стил и огромна заштеда на енергија, а со тоа и заштеда на пари.

Со цел да бидете во тек со сите новости од изградбата на Urban Garden, објавуваме фотографии и видеа на неделно ниво. Кликнете тука за да ја следите изградбата на комплексот.

За повеќе информации, закажете состанок со нашиот тим за продажба, тие ќе ги одговорат сите ваши прашања.

Контакт: 071/225-888 и 075/225-888; е-mail: prodazba@goldenart.mk 

Golden Art 
Дом. Не само Стан.