Поставен камен темелник на станбената зграда GA03

Денеска, со свечен коктел и во присуство на бројни гости и деловни партнери, поставивме камен – темелник на уште една станбена зграда во населбата Стар Аеродром, во близината на „Тобако 2“. Објектот GA03 се гради на улицата „Милан Зечар“ и ќе има вкупно 85 станови. Врвен квалитет на градба, класа А на енергетска ефикасност и строго почитување на роковите на кои се обврзуваме, традиционално се вредностите од кои не одстапуваме. Инвеститор, проектант и изведувач на објектот е нашата компанијата, а со тоа и цврст гарант за крајниот резултат.

Во овој објект се одлучивме да понудиме исклучително широк избор на квадратури на становите, како би им излегле во пресрет на потребите на што повеќе семејства и поединци. Понудата се состои од 15 различни квадратури, помеѓу 35 и 80 метри квадратни. Населбата Стар Аеродром со својата локација, близината до центарот на градот во комбинација со мирната атмосфера која владее во „спалната соба“ на Скопје, како и одличните сообраќајни врски, е идеална во поглед на домувањето. Големиот интерес на клиентите за купување на стан во овој дел на општината Аеродром е најдобра потврда за предностите и квалитетите кои ги нуди локацијата. Затоа продолжуваме да градиме во Стар Аеродром. Ова е веќе трет наш објект во овој атрактивен реон за домување.