Практична уметност во кујната

Extraordinary-Blue-Glass-Kitchen-Countertop-with-Blue-Brick-Backsplash-Ideas-Feat-Pretty-Blue-Wooden-Cabinets-Color
Изморени од секојдневниот изглед на ѕидните плочки во кујната? Сакате нешто ново кое ќе изгледа убаво, но сепак ќе биде практично за одржување? Да, кујната и секојдневните активности во неа знаат да бидат прилично хаотични, и можеби плочките се понекогаш најдобро решение, но, барајќи инспирација за нашиот блог наидовме на нешто што можеби ќе Ве поттикне да ја направите кујната ваше мало место за креативност.

Нашиот херој на денот е стаклото! На пазарот се нудат милион опции, од обични плочки, преку најквалитетна керамика, до луксузни камени инсталации, но стаклото има сѐ што Ви треба – ниска цена, лесно се одржува, а најважно – под стаклото може да ставите буквално сѐ! Можеби ќе се одлучите за некој интересен тапет, обичен еднобоен ѕид, за потрпеливите – мозаик од обоени стаклени парчиња, слика, па дури можете да им дозволите на Вашите најмили да бидат Ваш дизајнер – само дајте им боички и дозволете им да нацртаат нешто. Цртежот покријте го со стаклото, et voilà! Ќе ви го развеселува секој ден, а ќе трае со години 🙂  Во прилог ви нудиме неколку интересни идеи кои може да Ви послужат како инспирација.

Ве инспирираше овој дизајн? Би сакале Вашата кујна во новиот дом да изгледа вака? Golden Art Ви нуди најразличен избор на станови со најголем квалитет и најпристапна цена. Прегледајте ја нашата понуда ТУКА, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!