Предлози за различни големини на станови од објектот Entrada

Објектот Entrada е нашиот нов објект во Општина Гази Баба, лоциран веднаш наспроти слаткарницата Шарлота. Објектот располага со квадратури од 27 до 61 метри квадратни, во два влеза.

Денес за Вас подготвивме 3 предлози за станови со различен распоред.

33 метри квадратни:

Еден од помалите станови во објектот е овој стан од 33 метри квадратни, кој вклучува и одвоена спална соба. Достапен е на повеќе катови и е соодветен за сите кои се во потрага по помал стан, кој овозможува и приватност во исто време.

50 метри квадратни:

Доколку барате широчина и светлина во стан со една спална соба, станот број 23 е вистинскиот избор за Вас. Станот вклучува една спална соба, широка дневна со кујна и трпезарија, тоалет, како и тераса со кровно зеленило.

61 метар квадратен

Доколку барате семеен стан со помала квадратура, овој стан од 61 метар квадратен во распоредот има 2 спални соби, отворена дневна соба со кујна и трпезарија, тоалет и тераса. Станот е достапен на повеќе катови во објектот.

Доколку Ви се допаѓа некој од нашите предлози, Ве очекуваме на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7, во нашите канцеларии, или телефонски на 071/225-888 или 075/225-888. Нашите агенти за продажба со задоволство ќе одговорат на сите Ваши прашања.

Golden Art
Дом. Не само Стан.