Стан во Стокхолм со контрастни елементи

Stockholm-Apartment-151

Вљубени сме во проекти кои прикажуваат храбри контрасти на бои без компромиси во стилот. Од центарот на Стокхолм, наспроти вообичаениот скандинавски стил, Ви го носиме овој стан од 108 метри квадратни и доста впечатливи елементи. Овој дом е исклучително добро среден микс на бои, модерен и класичен мебел, и уникатни декоративни елементи. Центарот на просторот е дневната соба со два прилично големи троседи – совршена за гости и дружење. Сивите ѕидови се сосема спротивни на елементите кои ги оживуваат – живите бои на килимите, перничињата и сликите. Класичен камин, дрвената маса и шанделиерот придонесуваат за уникатната атмосфера.

Кујната е модерна и е единствениот дел од ентериерот кој има едноставна палета на бои. Остатокот од просторот е исполнет со енергија и различие – совршен спој за Вашиот дом! 🙂