Украински шарм и функционалност

Совршен за мало семејство, овој стан во Днепропетровск, Украина става акцент на она што нема да го најдете во секојдневните концепти за станови. Ѕидните градини, осмислени како зелени панели фасцинираат со својата функционалност, а како бонус се и многу лесни за изведување.

Просторот меѓу прозорците бил совршен за креирање силна врска меѓу внатрешниот и надворешниот простор. Преплавени со природна светлина преку ден, и претворајќи се во светлечка џунгла навечер, овој стан нуди инспирирачка серија на елементи кои можете да ги искористите при вселувањето во Вашиот дом од соништата.

Природните материјали и бои биле искористени не само за да оформат модерен дизајн, но и да ја претстават блискоста со природата. Палетата на бои се вклопува со погледот, создавајќи впечаток на континуираност. Малечките спални соби можат да бидат и удобни и освежувачки во исто време кога прикажуваат современа мешавина на стилски елементи со минималистички изглед. Убавата главна спална соба дава акцент на погледот, а розевата и сива детска соба прикажува чувство за баланс и убавина која расте со детето.

Замислете дека живеете во место каде вертикалните градини го красат Вашето секојдневие, истовремено подобрувајќи го здравјето на целото семејство и поврзувајќи Ве со природата. Дали би се одлучиле за оваа опција?

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!