Уметноста на урбаното живеење има ново име: Urban Garden

Во нашето 15 годишно искуство како градежна компанија, веќе неколку години работиме под мотото, „Дом. Не само Стан“. Во веќе препознатливиот Golden Art систем за градба, се користат исклучиво материјали од реномирани производители, и овој систем претставува наша гаранција за квалитет за секој купувач.

Најново во нашата понуда е комплексот Urban Garden, сместен на булеварот „3-та Македонска Бригада”, булевар кој ве поврзува со центарот на Скопје за само неколку минути, што е голема предност во овој дел на Аеродром. Уште една предност за оваа локација се отворените зелени површини околу вас и непречениот поглед кон Водно и Скопје.

Секој дом во овој комплекс доаѓа со вграден систем за греење и ладење кој работи на принцип на топлотна пумпа и со кој самите ја одредувате температурата на секоја соба, и притоа плаќате само онолку колку што трошите. Дополнително, целиот објект спаѓа во енергетски ефикасните објекти од класа А, со што се гарантира дека ќе имате пониски трошоци за греење и ладење во текот на целата година.

Од топ понудата за овој комплекс денес го издвојуваме овој стан од 58 метри квадратни со две спални соби, два балкона, бања и гостински тоалет како и отворена дневна доба со кујна и трпезарија.

Нашиот тим ви стои на располагање на телефонските броеви 071 и 075-225-888. Јавете се, закажате состанок со нашите агенти за продажба и дознајте зошто веќе 15 години, Golden Art ви нуди Дом. Не само Стан.