Во тек е Golden Art практичната обука за средношколците од ГГСУГС „Здравко Цветковски“

Младите се иднината на Македонија и на секој од нас! Им посакавме добредојде на учениците од СГГУГС „Здравко Цветковски“ во нашиот едукативен центар, во рамките на Golden Art практичната обука.

Мотото на Golden Art, како компанија, е „Дом. Не само Стан“ – нашата цел е изградба на објекти изградени по највисоки стандарди, а во целиот процес, клучната алка е тимот кој работи на овие објекти. 🏗🏢

Оттаму потекнува и нашата мотивација да вложиме во обуката на идниот кадар во градежништвото, архитектурата и дизајнот, и поради тоа, на наше големо задоволство – воспоставивме партнерство со ова средно училиште. Се надеваме дека низ процесот на практична обука ќе овозможиме сите ученици да се стекнат со корисни знаења кои ќе ги применат во нивната понатамошна кариера во Македонија и дека ќе поттикнеме да се постават уште повисоки стандарди.

Ученици, среќно! 💕

Golden Art
Дом. Не само Стан.

07.02.2020

04.02.2020