10 лесни начини да внесете боја во секоја бања!

freshome-color-bathroom1

1. Најпрво – Боја и четка

Што и да направите, рачната работа е секогаш најлесен начин да внесете нешто ново во секоја просторија. Без разлика дали ќе ги обоите ѕидовите, плафонот или само неколку вратички од ормарчето, резултатот ќе биде еднакво добар! Препорачуваме прво да ја одберете акцентската боја, и од таа боја да ја создадете главната палета на бои во просторијата.

2. Обидете се со акцентски ѕид

Доколку идејата за обојување на целата просторија Ви се чини премногу за Ваш вкус, одберете само еден ѕид кој ќе го одберете за главен, ние препорачуваме тоа да биде ѕидот наспроти вратата.

3. Играјте си со плочки во боја

Кога се работи за плочки, изразот „помалку е повеќе“ значи сè. Одамна ги нема оние денови кога бањите се прекриваа од под до плафон со плочки во боја. Модерните бањи користат боја само за да го привлечат вниманието на една страна од бањата.

4. Што велите за када во боја?

Модерна опција е да се одлучите за када во некоја интересна боја. Добри опции се бакарните кади или обоен порцелан. Внимавајте само дека бојата на кадата не се менува со тек на време, па осигурајте се дека ќе одберете боја во која ќе уживате долго време.

5. Нека блеска тоалетната масичка

Кога станува збор за менување боја, имате опција да го промените врвот или базата. Одлучете се за едно место и сè останато нека биде неутрално.

6. Пешкири во боја

Пешкирите се одлични од повеќе причини: ги има во секоја можна нијанса, релативно се евтини, и ако се премислите можете лесно да ги замените.

7. Фокус на прекривки за подот

Во зависност од просторот, одберете малечка патосница или поголем килим за бања во впечатлива боја која се вклопува во другите акцентски бои за вистински модерен изглед.

8. Не заборавајте на декорациите

Често погрешно се размислува дека штом просторијата е помала од останатите, нема потреба од декорации. Точно е сосема спротивното, неколку предмети поставени на вистинското место ќе направат просторијата да изгледа одлично „скоцкано“. Набавете свеќи, кошнички или направете декоративни полици за апсолутен полн погодок!

9. Уметнички дела на ѕидот

Внимателно одбрана слика или принт поставен на соодветно место може да направи чуда за бањата! Единствено мора да имате во предвид дека во бањата има многу влага – па одберете или водоотпорен материјал или додадете стаклена рамка за заштита.

10. Додадете зеленило

Доколку другите предлози Ви се чинат неизводливи, време е да ги внесете растенијата! Освен што ќе го расзвеселат просторот со бојата, дизајнерите велат дека растенијата позитивно влијаат на креативноста и енергијата.

 


Која е Ваша омилена идеја? Ќе одберете една или ќе комбинирате повеќе одеднаш? За што и да се одлучите, ефектот ќе биде ист: модерна бања во која никогаш нема да Ви е досадно!