Дневникот на една зграда: GA07, Аеродром

Naslovna GA07

Почетокот на летото скоро секогаш значи свеж почеток за убави нешта, а така е и во Golden Art, кога станува збор за ново поглавје од нашето портфолио. Ул. Пандил Шишков бр. 22 и 24 е новата локација во населбата Аеродром, а објектот GA07 ќе ја продолжи традицијата која трае повеќе од 10 години и има за резултат стотици домови од највисок квалитет кои ги исполнуваат очекувањата и на најпребирливите клиенти.

Корисни информации за објектот:

  • Линк до каталогот: кликнете тука
  • Материјали: кликнете тука
  • Енергетска класа: А
  • Катност: приземје + 9 ката + поткровје
  • Број на станови: 120 во влеза
  • Површини на станови: 38 до 82.4 метри квадратни
  • Почеток на градба: мај 2017

25.07.2018

Влез 1: Во тек е изработка на кошулица на приземје. На 5-ти кат ја пуштаме инсталацијата за парно, а на 8-ми кат се работи на системот за довод на вода.
Влез 2: Се монтира скеле во окното за лифт, поставуваме плочки на прв кат, а веќе завршуваме со нивно лепење на вториот и петтиот кат. Во тек е глетување на таваните на 5-ти и 6-ти кат.

При крај сме со поставувањето абриб на терасите на источната страна од фасадата.

17.07.2018

Во вториот влез во ходниците се работи на поставување на конструкција за гипсани облоги, а во тек е и поставувањето на плочки во кујни и купатила во станови на 3, 4 и 5 кат. Во првиот влез се поставува систем за парно на 2 кат.

11.07.2018

Се работи на неколку позиции на објектот. Комплетирана е фасадата на североисточната и северозападната страна од објектот. Поставувањето на бетонска кошулица во вториот влез е завршено, додека на 2, 3, 4 и 5 кат се поставуваат плочки и се ѕидаат кади. Во првиот влез го комплетиравме машинското молерисување на станови, на 2 кат се глетуваат плафони, со поставување на водоводен систем сме до 5 кат.

03.07.2018

Започнавме со нанесување на абриб на фасадата. Во вториот влез се работи на поставување на бетонска кошулица на 9 кат, додека на приземје, први, втори и трети кат се поставуваат плочки во становите. Во првиот влез се полнат греди и столбови на приземје и се испитува доводот на вода до 4 кат.

27.06.2018

Мајстор Златко ги носи најновите вести за текот на изградбата на објектот. Погледнете го видеото:

21.06.2018

Прв влез: Се поставува кошулица на трети кат, ги полниме гредите и столбовите на седми кат, а ѕидовите на десетти кат се обложуваат со Knauf Diamant плочи за дополнителна топлотна изолација и регулација на влагата во воздухот. Ја пуштаме инсталацијата за парно на осми кат.

Втор влез: На четврти кат се поставува одводот за вода, а на шести се монтираат Knauf Diamant плочи врз ѕидовите. На седми кат во тек е машинско малтерисување на ѕидовите.

На северната страна на фасадата се нанесува подлога за абриб.

14.06.2018

Прв влез: Поставуваме гипсени плочи на 5-ти кат, а во тек е и машинско малтерисување на 6-ти и 7-ми кат. Започнавме со монтажа на водоводните цевки на приземје.

Втор влез: Се нанесува кошулица во становите и ходниците. Во тек е исполна на греди и столбови со машински малтер на 3-ти кат. Гипсени облоги се нанесуваат врз ѕидовите на 7-ми кат и се спроведуваат цевките за парно до 6-ти кат.

Целата фасада е обложена со графитен стиропор кој е за 20%  подобар од обичниот. Дополнително во тек е нанесување мрежа и лепак за останатите слоеви од фасадата.

06.06.2018

Прв влез: Во тек е машинско малтерисување на 6-ти кат, а на 4-ти кат се поставуваат гипсени плочи од типот Knauf Diamant.

Втор влез: монтажа на гипсени плочи на 5-ти кат. Се поставува довод на вода на поткровјето.

30.05.2018

Во вториот влез машинското малтерисување на становите со Knauf MP75 е комплетирано, во моментов се работи на малтерисување на скалите. До осмиот кат поставени се доводот и одводот за вода, додека до 4 кат е направено хидраулично испитување. Започнато е со инсталација за парно греење и се прави подготовка за поставување на кошулица. Се уште се работи на лепењето на стиропор на источната фасада.

23.05.2018

Влез 1: И во овој влез започнуваме со поставување гипсени табли Knauf Diamant.

Влез 2: Веќе се поставуваат гипсени табли на приземјето. Машинското малтерисување со Knauf MP75 е комплетирано. На осмиот кат работиме на поставување довод и одвод за вода.

Започнавме со лепење стиропор на источната фасада.

17.05.2018

Влез 1: Во тек е машинско малтерисување на становите на петтиот кат.  

Влез 2: Започнавме со поставување гипс на прв кат. Со машинско малтерисување стасавме до десеттиот кат. Ги тестираме главните вертикали за парно, а поставена е и прва рака рабис мрежа на западната страна.

На јужната фасада поставуваме графитен стиропор како дел од системот за надворешна изолација на објектот.

 

09.05.2018

Започнавме со лепење графитен стиропор на јужната страна од објектот. Во влез број 2 на 9-ти кат во тек е машинско малтерисување на ѕидовите, а на 4-ти кат се поставува Rehau водоводен систем со гаранција од над 50 години!

03.05.2018

Со лепењето на стиропор на северниот дел од објектот сме при крај. Во двата влеза се работи на малтерисување на ѕидови и тавани со машински малтер, во првиот влез сме до 4 кат, додека во вториот влез сме до 9-тиот кат. Во вториот влез на прв кат се работи со поставување на водоводниот систем на Rehau, а на 5-тиот кат се поставуваат вградени казанчиња.

20.04.2018

Во моментов се работи на лепење на стиропор на западна и северна фасада, додека со машинското малтерисување вториот влез сме на 6 кат. Во првиот влез сме до 4 кат.

12.04.2018

Започнавме со лепење на стиропор од северната и западната страна на објектот. Со машинското молерисување сме на 5 кат, додека со поставувањето на главен довод на вода од водомери до станови сме дојдени до 2 кат.

29.03.2018

Се поставува скеле околу објектот за поставување на фасада. Се привршува со внатрешната ѕидарија на 10 кат. Се поставува одвод за вода во прв влез на 3 кат, а во моментов се работи на малтерисување на станови во втор влез на 4 кат, додека во прв влез моментално сме на 2 кат.

14.03.2018

Во моментов се работи на внатрешна ѕидарија со термо блоковите „Nexe“ на 9. кат, продолжуваме со молерисување на становите во двата влеза, во првиот влез сме на 1 кат, додека во вториот влез сме на 3 кат. Започнавме и со спроведување на вертикали за парно греење.

09.03.2018

На објектот во моментов се работи на внатрешната ѕидарија на 8 кат. Со машинското молерисување на становите со Knauf MP75 во првиот влез сме на 1 кат, додека во вториот влез сме на 2 кат.

21.02.2018

Во тек е поставување на кровна покривка, додека со внатрешната ѕидарија сме еден кат погоре, односно веќе работиме на 7 кат. Во двата влеза напоредно се работи со машинското молерисување со Knauf МП75, во првиот влез сме на приземје, додека во вториот влез сме до 1 кат. Во вториот влез на 4 кат се работи на правење дупки за одвод и довод на вода.

15.02.2018

Започнавме со малтерисување во становите на приземје со машински малтер МП75, додека со внатрешната ѕидарија со термо блоковите „Nexe“ во моментов сме дојдени до 6 кат.

09.02.2018

Во моментов се работи на внатрешна зидарија на 5 кат со термо блоковите на „Nexe“, со поставувањето на рамки на прозори стигнавме до 8 кат. Оваа недела започнавме со правење дупки за водовод на 1 кат во прв влез.

24.01.2018

На објектот се работи на поставување на крилни прозори на веќе поставените рамки од типот Rehau, со оваа активност сме до 4 кат. На 3. кат со полна пареа се работи на внатрешната ѕидарија со Nexe термо блоковите.

17.01.2018

Надворешната ѕидарија со Nexe термо блоковите е комплетирана. Во моментов се работи на внатрешната ѕидарија на 2 кат. Во тек е и поставување на рамки и прозори од типот Rehau, со оваа активност сме стигнати до 4. кат.

16.12.2017

Се ѕидаат надворешните ѕидови со Nexe термо блокови, а поставуваме и рамки за прозорци од типот Rehau Geneo кои обезбедуваат и до 76% заштеда на енергија за Вашето семејство!

 

1.12.2017

Во тек е бетонирање на кровната плоча на објектот. Се ѕидаат надворешните ѕидови на трети кат, како и внатрешните ѕидови на првиот кат со Nexe термо блокови.

17.11.2017

Во тек е припрема на плоча за десетти кат! Останува уште една бетонска плоча и основата за објектот ќе биде комплетна.

10.11.2017

Се бушат дупки за одвод на вториот кат. Во тек е подготовка за бетонирање на плочата за деветти кат.

 

03.11.2017

Во тек е бетонирање на плоча за седми кат и надворешна зидарија на првиот кат, приземјето е завршено со надворешна ѕидарија.

28.10.2017

Започнавме со ѕидање на надворешните ѕидови на приземје со Nexe Термо блокови. Во тек е припрема за бетонирање на столбови кон осми кат.

21.10.2017

Во тек е припрема за бетонирање на плочата за шести кат. Продолжуваме и понатаму со иста динамика!

07.10.2017

Се подготвуваме за бетонирање на плочата за четврти кат.

28.09.2017

Во тек е подготовка за армирано-бетонска плоча за трети кат. Одиме нагоре!

14.09.2017

06.09.2017

Се поставува бетонска плоча на ниво 0 и се подготвуваат столбовите за првиот кат.

02.09.2017

Продолжуваме со работа со полна пареа! Оваа недела се подготвуваме за поставување бетонска плоча на ниво 0.

13.06.2017

Во тек е бушење и бетонирање на бетонски шипови.

18.05.2017

Нашиот тим работи на ископување на основата за темелите на објектот.

09.05.2017

Започнаа подготовките за поставување темели на објектот!