Енергетска ефикасност – главна тема на последната работилница во едукативниот центар на Golden Art

DSC_0459

Нашиот едукативен центар во Аеродром беше локацијата на која се одржа уште една информативна работилница во саботата, на 04.06.2016. Презентацијата на Проф. Петар Николовски, дипл. инж. арх., како и оние на нашите партнери – Rehau, Knauf, Baumit, беа заокружени со прашањата на учесниците кои поттикнаа одлична дискусија со главна тема „Подобрување на квалитетот на урбаното живеење“, а огромен акцент беше ставен и на бенефициите од живеењето во енергетски ефикасен дом и мерките кои ги презема Golden Art за да го олесни секојдневието на своите клиенти. Присутните имаа шанса да разговараат со дел од нашиот тим и да дознаат сè за својот иден дом.

Доколку сте заинтересирани за стан во некој од нашите објекти, или пак само сакате да ги намалите сметките и да го подобрите квалитетот на живот, пријавете се и дојдете на следната работилница на телефонските броеви 071/075 225 888, учеството е бесплатно!