Golden Art стан од 40м2 со одличен дизајн

IMG_4382-HDR

 

Сопствениците на овој неодолив дом одлучиле својата приказна да ја започнат во објектот GA03 во населба Аеродром. 40-те метри квадратни одлучиле да ги збогатат со бели декоративни елементи во рустичен стил, истовремено визуелно проширувајќи го просторот.

Белата основа е разиграна со дрвени елементи кои одговараат  на нијансата на Боен паркет – неизбежен дел од секој Golden Art дом, како и со шарената аголна гарнитура која дава доволно простор за седење кога целото друштво е на едно место. Ситните романтични елементи како цветните декорации прекривката за маса и завесите со детали од чипка даваат чувство на топлина и удобност во просторот.

Во овој дом секој агол е приказна за себе, а како тоа најдобро да го прикажеме, ако не преку слика? Уживајте во галеријата 🙂