ГОЛДЕН АРТ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВАТА ВО СКОПЈЕ

Со огромно жалење и неверување ги проследивме вестите за катастрофалните последици од поплавите во скопското подрачје. Сакаме да изразиме сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на поплавата. Сега е момент кога сите граѓани, без разлика на својата етничка или верска припадност, треба да покажат солидарност и да помогнат со било каква помош за погодените подрачја.

Поради настанатата ситуација, Голден Арт донесе одлука да се прекине колективниот одмор на сите вработени и одлучи да ангажира градежна механизација со цел да се расчистат поплавените подрачја во Скопје и околината и ќе учествува со градежни материјали и намирници за жителите на поплавените места. Вкупната вредност на активностите со кои што ќе учествува Голден Арт  изнесува 1.000.000 денари.

Извори: tocka.mk, kurir.mk, off.net.mk, edennaeden.mk, panika.be, faktor.mk, mkd.mk, plusinfo.mk, crnobelo.mk, press24.mk, brkajrabota.mk, fakulteti.mk, kafepauza.com