Дневникот на една зграда: Кисела Вода (Golden Art Energy)

Untitled1

На улицата Михаил Чаков во Кисела Вода, сосема блиску до центарот и до сè што Ви треба за удобен и релаксиран живот, нашиот тим интензивно работи на најновиот објект од понудата на станови.

Со цел едноставно и лесно да дојдете до сите новости од текот на изградбата, за Вас го подготвивме овој „дневник“ во кој постојано ќе ги објавуваме сите информации, почнувајќи од најновите вести, па наназад.

Овој објект ќе биде дом за околу 75 семејства. Со катност од 1+5+поткровје, имате избор на површини од  28m² до 71m². Идеален распоред и идеална локација, со материјали кои обезбедуваат максимална енергетска ефикасност и најголема заштеда за греење и ладење. 

За заштеда дури до 120 евра годишно, овој објект е меѓу првите во Македонија во кои ќе биде имплементиран најновиот систем за греење на санитарната вода.

Понудата и скиците на становите може да ги најдете на овој линк.

Вашата доверба е нашата најголема мотивација!

04.10.2017

Среќен почеток! Оваа вечер заблеска во боите на објектот во Кисела Вода, на кој му го дадовме името Golden Art Energy. Изборот на име не е случаен, со оглед на тоа што семејствата кои ќе живеат во овие домови ќе имаат енергетски ефикасна средина за живеење во која е имплементиран најновиот систем за греење на санитарната вода. Освен ова, објектот ја следи традицијата на сите останати Golden Art домови и е изграден со веќе добро познатиот Golden Art систем за градба, кој е наша гаранција за квалитет и трајност. Сите наши фотографии од вечерта може да ги погледнете на нашата Facebook фан страна:

28.09.2017

Поставена е влезната врата за гаражниот простор, како и влезната врата за целиот објект. Завршивме со лепење мермерни плочи околу лифтовите. Во моментов ги поврзуваме становите со системот за парно греење.

23.09.2017

Се поставуваат броила за електрична енергија од страна на EVN. Завршивме со монтирање стакла во деловниот простор. Околу лифтовите поставуваме мермер, а партерното уредување околу објектот е веќе при крај.

06.09.2017

Се прави приклучок кон водоводната мрежа. Се изработува штампан бетон околу објектот (партерно уредување). Канализацијата е веќе поврзана. Поставен е мермер по скалите, монтирани се вратите од лифтовите, а исто така завршена е и изработката на алуминиумски портали на приземје.

03.09.2017

Напредува поставувањето на мермер по скалите, оваа недела работиме на шести кат. Се монтираат радијатори на трети кат, а во тек е и финалното молерисување на становите.Напредува поставувањето на мермер по скалите, оваа недела работиме на шести кат. Се монтираат радијатори на трети кат, а во тек е и финалното молерисување на становите.

23.08.2017

Се поставува мермер на скалите на ниво -2. Се монтираат шини за лифтовите. При крај е поставувањето на влезни блиндор врати и врати помеѓу собите. На шести кат се монтираат радијатори, додека пак санитаријата е целосно поставена во сите станови.

21.07.2017

Се монтираат паравани на туш кабините во бањите. Во тек е поставување Knauf Diamant плочи во ходниците, а се поставува и трослоен дабов паркет од норвешката компанија Boen. Започнавме со монтирање внатрешни врати во становите.

 

13.07.2017

Започнавме со поставување на норвешки, трослоен, дабов паркет од компанијата Boen. Моментално се работи на трети и четврти кат.

05.07.2017

Станарите на објектот во Кисела Вода во сончевите денови ќе имаат пониска потрошувачка на енергија за греење на санитарната вода, а причина за тоа се сончевите колектори чие поставување заврши денес. Подовите се подготвуваат и се нанесува подлога за трослоен дабов паркет од норвешкиот производител Boen. При крај сме со монтирање на Hunter Douglas плафони во бањите, а во тек е поставување на Knauf Diamant гипсени облоги на ѕидовите во ходниците.

24.06.2017

15.06.2017

Во тек е завршно молерисување на плафони и греди на третиот кат. Во ходниците се поставува изолација со Knauf Diamant плочи. Поставени се спуштени плафони Hunter Douglas во бањите на четврти кат. Во тек е лепење на плочки на шестиот кат.

31.05.2017

Нашиот тим започна со монтирање на блиндор врати на прв и втор кат. Се поставува хидроизолација на балконите на шести кат. Се обработуваат ѕидовите и се прави подготовка за молерисување.

23.05.2017

При крај сме со лепење плочки од брендот Idea Ceramica во становите, останува уште шестиот, последен кат.

09.05.2017

Продолжува процесот на лепење плочки во кујните и бањите на Вашите домови. Во тек е и изолирање на цевки за топла вода на првиот кат.

04.05.2017

Се поставуваат плочки од брендот Idea Ceramica во кујните и бањите на петти кат. Се монтираат мерни и разводни ормари.

29.04.2017

Се поставуваат плочки во кујните и бањите на четврти и петти кат. Се спроведуваат цевки до главната шахта.

20.04.2017

Во тек е поставување на главна водоводна шахта и напоредно се работи на приклучок на атмосферска вода. Се ѕидаат кадички за туш кабини во бањите. Продолжуваме со поставување плочки во кујните и бањите.

12.04.2017

Во тек е спојување на атмосферската канализација во надворешниот дел. Се прават гипсени опшивки на први кат, а продолжува и лепењето плочки во бањите и кујните на четврти кат.

05.04.2017

30.03.2017

Започнавме со лепење плочки во кујните и бањите, а на погорните катови во бањите привршуваме со поставување гипсени облоги Knauf. На последниот кат поставуваме кошулица.

24.03.2017

Во тек е поставување гипсени облоги Knauf во тоалетите на трети кат. На четврти кат се поставува кошулица, додека пак на шестиот (последен) кат поставуваме изолација на цевките за вода и монтираме водомери.

 

17.03.2017

Фасадата го доби својот конечен изглед! Изработена од првокласни материјали од производителот Baumit, оваа фасада поседува “cool pigment” со помош на кој бојата останува постојана со децении, отпорна на надворешни влијанија и промена на температура. Во становите и ходниците е поставена кошулица до третиот кат. Во тоалетите на трети кат, врз конструкцијата од блокови Nexe се поставуваат гипсени облоги од производителот Knauf. На прозорците се поставуваат парапетни даски, додека пак во гаражите при крај е обележувањето на зебри.

 

09.03.2017

23.02.2017

Започнавме со лепење на графитен стиропор на фасадата од западна страна, слој кој обезбедува дополнителна термичка изолација, дури ни кога надвор е екстремно топло или студено. На приземје се поставуваат лајсни на гредите и столбовите. Ова се фотографиите од оваа недела:

 

15.02.2017

Во тек е спроведување цевки за парно од бредндот Рехау на првиот кат. Поставуваме и Рехау цевки за топла и студена вода, при што цевките за топла вода дополнително се изолираат. Се поставува и ограда на балконите на прв кат, а на 4ти кат продолжуваме со глетување на столбови и греди.

02.02.2017

Се подготвува доводот и одводот во тоалетите на 5ти кат. На истиот кат се спроведуваат електрични кабли, а се поставуваат и цевките за парно.

26.01.2017

20.12.2016

Продолжуваме со исполна и втора рака глетување на греди и столбови на петтиот кат. Се поставува развод за одводот во бањите. Ги комплетираме ормарите за парно и ги ставаме вентилите за испитување.

15.12.2016

На вториот кат ги глетуваме таваните, сè мора да биде беспрекорно мазно. Се работи на исполна на греди и столбови на трет кат, а на поткровјето поставуваме лајсни. На четвртиот кат се местат цевки за главниот одвод.

Одиме нагоре!

07.12.2016

На објектот во Кисела Вода во тек е обработката на фасадата – втора рака, премачкување со лепак. Останатите активности кои се во тек се: исполнување на гредите на првиот кат и припрема на цевките за парно и поставување на главните ормари.

01.12.2016

Првиот ден од декември го започнуваме со монтирање аголни лајсни на прозорците и терасите. Се бандажираат ѕидовите во гаражите на ниво -1 со малтер Knauf MP 75. На вториот кат ги местиме ормарите за парно греење и аголни алуминиумски лајсни на столбовите и гредите.

25.11.2016

При крај сме со лепење на стирoпор на фасадатa. Подрумските простории се ѕидаат со блок 20 и се китираат ѕидовите во гаражите. На првиот кат се работи на исполна на греди и столбови, додека на третиот кат се местат алуминиумски лајсни на столбовите и гредите.

19.11.2016

Во Кисела Вода се нанесува абриб на фасадата на сите четири страни. Јужната фасада е готова, со источната фасада сме во завршна фаза. На северната страна се лепи стиропор  додека пак на западната страна се активно се работи. Нашиот објект полека го добива финалниот изглед.

11.11.2016

За тоа како се одвиваат работите во Кисела Вода Ви зборува раководителот на објект, Перо Анѓелиќ.

27.10.2016

Во Кисела Вода започанвме со ласерско местење на лајсни и машинско нанесување на малтер. На поткровјето пуштивме кабли за струја.

19.10.2016

Во Кисела Вода се спроведуваат кабли за струја на четвртиот и петиот кат. А на петиот кат се поставуваат лајсни за ќошиња.

10.10.2016

На објектот во Кисела Вода, во тек е спроведувањето на кабли за струја на третиот кат, привршуваме со глетувањето на првиот кат за кое користиме машински малтер KNAUF MP 75. Можеме да кажеме дека со внатрешната ѕидарија сме при крај, моментално го ѕидаме последниот кат, односно поткровјето. Доколку сте заинтересирани токму за оваа локација јавете се на 071/075 225 888 и закажете средба со нашите агенти за продажба.

30.09.2016

Припремаме лајсни пред нанесување на машински малтер на првиот кат и поставуваме довод на кабли за стурја. Прозорците се наместени до петтиот кат, во моментов работиме на внатрешната ѕидарија, а потоа се селиме на последниот кат односно на поткровјето.

23.09.2016

Внатрешната изолација е при крај, моментално се работи на петтиот кат и ни останува уште поткровјето. Наместени се прозори до третиот кат и се става стиропор за изолација на фасадата.

02.09.2016

Со надворешната ѕидарија го завршивме петтиот кат, одиме кат погоре, се селиме на поткровјето  кое е и последниот кат од објектот во Кисела Вода. Со внатрешната ѕидарија го завршуваме третиот кат. Започнавме со изработка на фасадата чија основа е графитен стиропор, материјал кој има многукратно подобри термо и хидроизолациски својства од останатите типови на стиропор, сè со цел да постигнеме уште подобра енергетска ефикасност во Вашите идни домови.

26.08.2016

На објектот во Кисела Вода се уште се работи на надворешната и внатрешната ѕидарија. Со надворешната ѕидарија моментално сме на 4. кат, додека со внатрешната ѕидарија започнавме со работа на 3. кат. Се трудиме да обезбедиме најдобра изолација, како термичка, така и звучна, затоа ги користиме Nexe термо блоковите, кои ги чуваат Вашите станови топли и тивки во текот на целата година.

18.08.2016

Работите течат во најдобар ред на објектот во Кисела Вода, моментално се работи на надворешната ѕидарија со термо блоковите Nexe и сме стигнати до 3-от кат, додека пак со внатрешната ѕидарија сме дојдени до 2-от кат. Следете не и следната недела за нови информации.

27.07.2016

На објектот во Кисела Вода ја завршивме изградбата на поткровната плоча, следна фаза е надворешна ѕидарија со Nexe термо блоковите, кои ги чуваат Вашите станови топли и тивки во текот на целата година. Доколку сте заинтересирани токму за оваа локација јавете се на 071/075 225 888 и закажете средба со нашите агенти за продажба.

14.07.2016

На објектот во Кисела Вода стигнавме до 5 кат, односно поткровјето. Се работи на армирана бетонска плоча, а следно е кровната плоча. Знаете ли кои сè предности Ви ги нуди станот кој се наоѓа на поткровје? Следете не и следната недела да прочитате и видите до каде се нашите вредни мајстори.

08.07.2016

Оваа недела се качивме уште еден кат погоре. Во моментов на објектот во Кисела Вода се работи на армирана бетонска плоча за 4-ти кат. Работите течат во најдобар ред и се надеваме дека и Вие како станари сте возбудени за прогресот. Следете не за нови информации секоја недела, а доколку сте заинтересирани токму за оваа локација јавете се на 071/075 225 888 и закажете средба со нашите агенти за продажба.

29.06.2016

Со полна пареа одиме нагоре. Во моментов се шелуваат столбови за поставување на плоча кон третиот кат. Погледнете ги делата на нашите вредни мајстори. Следете не секоја недела за нови информации. 🙂

23.06.2016

Објектот одлично напредува! Оваа недела ги шелуваме столбовите на приземје кон првиот кат.

Заинтересирани сте за дом на оваа локација? Јавете се на 071/075 225 888 и закажете средба со нашите агенти за продажба кои ќе Ви помогнат да го пронајдете совршеното катче за Вас и Вашето семејство. 🙂

01.06.2016

Погледнете ги новите фотографии од овој објект! Продолжуваме со градежните работи на ниво -1, каде работиме на шелување на плочата. Следете не секоја недела за нови фотографии и информации од градилиштето!

 

23.04.2016

Ја поставивме плочата за вториот кат! Одиме нагоре со истото темпо!

12.04.2016

Во тек е шелувањето на столбовите за првиот кат, продолжуваме понатаму со полна пареа! 🙂

06.04.2016

Одличен почеток на градежните работи на овој објект! Работиме на нивото -1, каде се шелуваат, глетуваат и бетонираат столбовите и се поставува плочата за ова ниво! Погледнете ги денешните фотографии 🙂

16.03.2016

Деновиве баш и не ни се погодија временските услови 🙂 Минатата недела ги поставивме темелите, а оваа недела продолжуваме со ископување на земјиштето за поставување на плоча.

Поставени темелите на новиот објект во населбата Кисела Вода

Нема ништо поубаво од успешен почеток, особено кога тој почеток е основа за изградба на домови во кои ќе се постават корените на 74 нови и убави приказни. 🙂

Почитувајќи ја традицијата, денес, на улицата Михаил Чаков бб, во најубавиот дел на населбата Кисела Вода, ги поставивме камениот темелник на најновиот објект на Golden Art. Со избор на површина од 28m² до 71m², овој објект ќе се состои од приземје, 5 ката и поткровје, како и подземен паркинг за Вашите возила.

Според нашите стандарди, продолжуваме да градиме само со најквалитетните материјали и нашиот единствен систем за градба кој гарантира максимална сигурност и енергетска ефикасност, обезбедувајќи ниски сметки и полн џеб во текот на целата година!

Понудата на станови разгледајте ја тука.