Неделен предлог: Гарсоњера од 33m2 во комплексот Urban Garden

Купувањето стан е една од најважните одлуки во животот. Во текот на 15-те години од нашето постоење, се стремиме да сме покрај купувачот во секој чекор од потрагата по нов дом, па дури и потоа, кога се и официјално дел од Golden Art семејството.

Притоа, не секогаш ви е потребен голем стан, во зависност од стилот на живот, возраста и други фактори.

Гарсоњерите се меѓу најбараниот тип на недвижност од нашата понуда, особено во комплексот Urban Garden кој поради поврзаноста со останатиот дел на Скопје, како и блискоста до универзитети, е одлична локација доколку имате брзо секојдневие.  Друга причина за тоа е што гарсоњерите се доста практични како инвестиција, имаат постојана цена и се доста исплатливи дури и ако по некое време одлучите дека е време за поголем стан.

Од нашата понуда во овој современ комплекс, денес ви ја предлагаме гарсоњерата тип А3, со 31-33m2.

Има источна ориентација, и доаѓа со вграден инвертер систем за греење и ладење со чија помош значително ќе заштедите во текот на целата година.

 

Побарај понуда:

Цената во комплексот Urban Garden е 1.020 или 1.070€/m², во зависност од начинот на плаќање. За да добиете понуда за станот за кој сте заинтересирани, јавете се на 071/225-888 или 075/225-888, посетете ги нашите простории на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 7, или контактирајте не преку формата на овој линк.

Комплексот се наоѓа на бул. „3-та Македонска Бригада“ бб., веднаш до American College.

Работно време:

Понеделник – петок: 08:00-16:00
Сабота: 08:00-13:00

Golden Art
Дом. Не само Стан.