Стан кој се трансформира – 60m²

transformer-apartment3

Сме пишувале за толку многу различни дизајни на мали станови, што со сигурност тврдиме дека вакво нешто одамна немаме видено. Овој стан од 60 метри квадратни е познат како „Трансформер“, а посебен го чини необичниот и многу паметно распореден дизајн. Во основа е само нормален стан со една спална соба, но мебелот му дава многу повеќе функции на едно место. Најдоброто од сè е што целиот дизајн се врти околу еден ѕид – буквално. 😀

Ѕидот ја сокрива малечката, но добро сокриена кујна со едноставен декор и елементи од не’рѓосувачки челик. Исто така, вклучува и вграден медиа простор со голем телевизор кој може да се користи од кујната, дневната, трпезаријата, но и од спалната соба, поради уникатната ротирачка инсталација.

Спалната соба е повеќе како ниша, сокриена кога ѕидот е затворен, а отворена кога тоа Ви е потребно. Белите и жолтите нијанси прават оваа просторија да изгледа удобно и светло. Паметниот распоред им дозволил на сопствениците да имаат дури и мала гостинска спална соба.

Ова е одлично решение за мали станови бидејќи фиксираните ѕидови често можат додатно да го смалат просторот поради тоа што го фрагментираат. Во овој случај, станот е разигран и флексибилен на потребите на сопствениците, а нуди и еден куп сокриени изненадувања.

Погледнете ја галеријата: