Urban Garden – неделни предлози: 20.01-27.01.2020

Вложете паметно, во дом кој ќе штеди за вас!

Првокласните материјали, вградени по Golden Art системот за градба, гарантираат дека добивате енергетски ефикасен објект од А-класа. Дополнително на тоа, секој дом доаѓа со вграден систем за греење и ладење, исто така од енергетска класа А. Оваа комбинација на предности ќе ви овозможи во текот на една година да заштедите и до 60% на електрична енергија!

ОРИЕНТАЦИЈА – ИСТОК

Доколку барате гарсоњера, оваа недела издвојуваме: Стан тип А3

Во распоредот се вклучени бања, кујна, отворена дневна соба и тераса. За дополнителна удобност, нашите архитекти препорачуваат да додадете плакар со полици или стилски метален параван, кои освен што естетски ќе го разубават просторот, ќе дозволат светлината да го осветлува целиот простор, но и функционално ќе го поделат просторот, меѓу простор за седење и простор за спиење и дружење.

Стан со една спална соба: Тип Б9

Овој тип на стан во својот распоред вклучува една спална соба, отворена дневна соба со кујна и трпезарија, бања и источно ориентирана тераса. За клиентите кои сакаат одвоена кујна, во консултација со нашите архитекти, нудиме опција за преградување на кујната, се разбира до одредена фаза на изградба на станот. Исто така, нудиме опција за измена на внатрешните ѕидови по ваша желба (освен на ѕидовите низ кои поминуваат инсталациите) во фаза кога се уште не е завршено со ѕидање на внатрешните ѕидови. За повеќе информации околу измените на внатрешните ѕидови, може да ни се јавите на 071 или 075/225-888, или да не посетите во нашите простории на ул. „Руди Чајавец“ бр. 7, позади Тобако 2 во Аеродром.

ОРИЕНТАЦИЈА – ЗАПАД

Стан со една спална соба: Тип Б8

Уживајте во кафето испиено на тераса со поглед кон зајдисонцето! Овој тип на стан има една спална соба, отворена дневна со кујна и трпезарија, бања и тераса. Кликнете тука за да ги разгледате материјалите кои ги вградуваме во објектот.

Објектот Urban Garden е лоциран на само 5 минути од центарот на Скопје, на јужната страна на булеварот „3та Македонска Бригада“. Дизајниран соодветно да одговара на потребите на модерното живеење, овој комплекс има многу предности, меѓу кои ги издвојуваме:

  • Комплетна примена на првокласни материјали во склоп на веќе препознатливиот Golden Art систем за градба;
  • Близина до училишта, градинки, маркети, шопинг центри, здравствени установи;
  • Одлична поврзаност со главните точки на Скопје;
  • Над 1200m2 отворени зелени површини во самиот комплекс;
  • Вграден систем за греење и ладење на принцип на топлотна пумпа, посебен за секој стан;
  • Пониски сметки во текот на годината поради тоа што секој дом е енергетски ефикасен дом од А-класа.

Ви се допаѓаат нашите предлози? Кликнете тука и побарајте понуда од нашиот тим за продажба, ќе ве контактираме во рок од неколку работни денови, или јавете се на 071/225-888 или 075/225-888. 

Golden Art
Дом. Не само Стан.