Дневникот на една зграда – Urban Garden

На јужната страна од бул. “3-та Македонска Бригада“, кон Водно, гордо ви го претставуваме станбено-деловниот комплекс URBAN GARDEN.

Овој модерен и урбан комплекс, создаден со голема инспирација и внимание, има за цел да ги задоволи барањата на денешниот начин на живеење и да ja разубави околината. Непосредната близина на средни училишта и универзитет, достапноста до културни и трговски објекти и лесната комуникација со централното градско подрачје се само неколку од бројните причини зошто да го одберете URBAN GARDEN.

Општи информации:

  • Адреса: Бул. „3-та Македонска Бригада“ бб., веднаш до American College
  • Енергетска класа: А
  • Број на станови: 480
  • Паркинг места: 495
  • Деловни простории: 19
  • Отворена зелена површина: 1.232м2
  • Линк до каталог: Urban Garden

30.11.2021

07.07.2021

Во моментов се работи на уредување на дворот, изработка на плоча и тротоар и се поставува ограда околу објектот. Поставени се алуминиумски вертикали за стакло кај приземје и галерија. Во подрумските простории во завршна фаза е монтирањето на вентилација кај паркинг места, а поставен е и спинкер против пожарен систем.

10.05.2021

Во вториот влез се работи на финално молерисување на становите, додека пак во целиот влез се поставени стаклени огради од балконите. Во моментов се прави приклучок за довод на вода, а спроведена е и инсталација за струја од објект до трафостаница.

28.04.2021

Објектот е веќе во завршна фаза. Првиот влез е комплетиран со стаклена ограда на балконите, а во моментов се работи на поставување на балконските огради од вториот влез. Во двата влеза се монтирани клими. Првиот влез е завршен со финално молерисување на становите, во тек е припрема за финално молерисување на становите од вториот влез. Во двата влеза се поставени лифтовските кабини.  

14.04.2021

18.03.2021

04.03.2021

Комплетирано е поставувањето на лифтови во двата влеза. Во завршна фаза е и поставувењето на плочки околу лифтовите во двата влеза. Комплетирана со плочки е влезната партија во двата влеза, а исто така се монтирани и лед светла во купатилата.

04.02.2021

Во првиот влез се започна со поставување на гранитни плочи на скали од ниво – 3 до приземје. Монтирање на галантерија низ целиот влез, односно поставување на тавански светла на балкони, дамофони и поврзување на болјери. Во велиот влез се поставени вратите од лифтовите. Во вториот вле се отпочна со поставување на опрема за лифтови. На 2 кат се поставуваат паркет лајсни, а додека пак со местење на паркет сме до 8 кат.

21.01.2021

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез комплетирано е поставувањето на трослоен паркет, собни врати како и на санитарија во купатила. Започнавме со поставување на врати од лифтови. Во вториот влез на 4 кат се поставува трослоен паркет, а пак на 6 кат се монтираат собни врати. На 6 кат се поставуваат стаклени паравани во купатила.

 

22.12.2020

09.12.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез на 5ти кат се поставува трослоен паркет во станови. Комплетирано е поставување на гранит на парапети на балкони во прв влез. Во вториот влез на 2 кат се монтираат стаклени паравани во купатила, додека пак на 5ти кат се молерисуваат плафони и греди со втора рака. На 6ти кат се поставува хантер даглас во купатила и се поставува санитарија во купатила.  

03.12.2020

10.11.2020

Во првиот влез се работи на поставување на надворешни единици за греење и ладење. На 4 кат се работи на поставување на парапети на влезни врати, додека пак на 5 кат се поставува санитарија во купатила. На 6 кат се молерисуваат греди и плафони со втора рака. Во вториот влез се работи на местење на гранит на скали во ходници. На 6 кат се глетуваат ѕидови во станови, додека пак на 7 и 8 кат се работи на поставување на плочки.

04.11.2020

Во првиот влез е комплетирано е поставување на гранит на скали од 10 кат до 1 прв кат. На 3 кат се поставува санитарија во купатила, а исто така со финално молерисување сме на 3 кат. На 5 кат се работи на хантер даглас во купатила. Во првиот влез започнавме со поставување на надворешни единици за клими мултиплит систем. Во вториот влез со поставување на плочки сме 8 кат. На источната страна од објектот се работи на фасадата, односно на лепење на стиропор.

27.10.2020

Во првиот влез започнавме со поставување на гранит на скали од 10 кат кон 1 прв кат. На 2 и 3 кат се работи на хантер даглас во купатила, додека пак до 6 кат е комплетирано со прва рака на молерисување на тавани и греди, а се отпочна со финално молерисување на 1 кат. Во вториот влез се шмирглаат и молерисуваат тавани и греди со прва рака, а пак со поставување на плочки сме до 7 и 8 кат. Во двата влеза се поставени блиндор врати од станови. На источната страна од објектот се работи на фасадата, односно на лепење на стиропор.

21.10.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез комплетирано е поставувањето на плочки во станови, а во моментов започнавме со финално молерисување на плафони на 1 кат. Започнавме и со поставување на хантер даглас во купатила. Во вториот влез на 6 кат се работи на поставување на плочки во станови како и монтирање на блиндор врати.

14.10.2020

06.10.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез на 4 кат се шмирглаат ѕидови во станови и ходници, додека пак на 7 и 8 кат се поставуваат плочки во станови. Во вториот влез на 6 кат се поставуваат плочки, додека на 7 кат се изработува цементна кошулица. На јужната и западната страна од објектот се изработува фасадата. 

01.10.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез ги копмплетиравме следните позиции: поставување на цементна кошулица, гипс облоги во ходници како и глетување на станови, во моментво се работи на глетување на скалишно јадро. На 1 и 2 кат е завршено со молерисување на ѕидови и тавани со прва рака, додека пак со поставување на плочки сме до 7 кат. Во вториот влез на 5 кат се работи на поставување на плочки, додека пак на 6 се изработува цементна кошулица по станови. На 6, 7 и 8 кат се монтираат гипсани облоги во ходници.

26.09.2020

14.09.2020

Во моментов на објектот се работи на неколку позиции во двата влеза. Во првиот влез на 1, 2 и 3 кат се шмирглаат ѕидови и тавани и се прави припрема за прва рака нанесување на поликолор. На 4 и 5 кат се лепат плочки, додека пак на 6 кат се изработува цементна кошулица. На 7 и 8 кат се комплетираат гипсани опшивки во купатила, а пак на 8 кат се работи на машинско малтерисување со МП75. Во вториот влез од 1 до 5 кат се поврзува електрика во дозни и се испитува. Со поставување на плочки сме до 5 кат, еден кат погоре односно на 6 се работи на монтажа на аголни лајсни на греди, а пак на 7 и 8 кат се изработува инсталација за довод на вода. На западната страна се уште се работи на лепење стиропор, мрежа и нанесување лепак.

03.09.2020

Изработка на фасада од западна страна. Во првиот влез до 2 кат е комплетирано поставувањето на плочки во станови, а во моментов се работи на 3 кат. До 8 кат е комплетирано поставување на гипсани облоги и исто така монтирана и испитана е инсталацијата за довод на вода. Во моментов на 7 кат се работи на спроведување на главни доводни кабли за струја. Во вториот влез со поставување на плочки сме до 3 и 4 кат, на 5 кат во тек е поставување на цементна кошулица, додека пак со инсталација на довод на вода сме до 6 кат.

21.08.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез со поставување на плочки во станови се работи на 2 и 3 кат. На 6 кат се глетуваат ѕидови во станови, на 7 кат се прави инсталација за довод на вода, а пак на 8 кат машинско малтерисување на цементен малтер во кујни и купатила. Во вториот влез се поставуваат плочки на 1, 2 и 3 кат, на 4 кат се глетуваат ѕидови, а пак на 6 и 7 кат се работи на каблирање во станови. Изработка на фасадата се работи на северната и дел од од западната страна на објектот. 

12.08.2020

На објектот се работи со полна пареа, во првиот влез на 1, 2 и 3 се поставуваат плочки во кујна и купатило, до 5 кат е комплетирано поставувањето на блиндор врати, на 6 кат се работи на спроведување на довод на вода, додека пак на 8 кат во тек е каблирање по станови. Со машинско малтерисување со гипсан малтер МП75 е комплетирано до 6 кат. Во вториот влез на 1 и 2 кат се поставуваат плочки во кујни и купатила, а исто така се монтираат и блиндор врати. Лепење на графитен стиропор на западната страна од објектот.

29.07.2020

Имаме ново видео од изградбата на Urban Garden! Кликнете тука за да погледнете како напредуваат градежните работи на оваа локација

22.07.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез се започна со поставување на плочки во станови на 1 и 2 кат. На 4 кат се комплетира поставување на цементна кошулица, а пак на 5 кат се глетуваат ѕидови. Во вториот влез на 2 и 3 кат се глетуваат тавани и се работи на спроведување на главни доводни кабли во станови. На 6 и 7 кат се работи на поставување на гипсани облоги, додека пак на 6 се спроведува бакарна инсталација за клими. Се отпочна со поставување на фасада на северна и западна страна од објектот.

30.06.2020

24.06.2020

16.06.2020

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во влез 1, започнавме со нанесување на цементна кошулица во становите на 1 кат. На 3 и 4 кат се комплетираат гипсаните облоги, а се отпочна со поставување на 6 кат. Направена и испитана инсталација за довод и одвод на вода до 5 кат, каде што се поставува бакарна инсталација за клими. На 6 кат се спроведуваат кабли до станови, додека пак со ѕидарија сме на 8 кат. Во влез 2, завршено е малтерисување со гипсан и цементен малтер во станови до 3 кат. На 5 и 6 кат се поставуваат гипсани облоги. Направена и испитана инсталација за довод и одвод на вода до 3 кат.

10.06.2020

03.06.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез на 4 и 5 кат се поставува довод на вода од системот „Rehau“, на 7 кат се поставуваат прозори, а се работи и на поставување на гипсани облоги во станови. На 8 кат се работи на фасадна и на внатрешна ѕидарија. Во вториот влез на 3 кат работиме на нанесување на машински малтер МП75, додека на 4 кат се спроведуваат бакарни инсталации за греење и ладење.

19.05.2020

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во првиот влез на првиот кат започнавме со поставување на дозни во станови. На вториот кат се глетуваат таваните и ѕидовите, додека пак на 4 и 5 кат се нанесува машински малтер МП75 во кујни и купатила. Со гипсарските работи сме до 5 кат. Во вториот влез на прв кат се поставува довод на вода од системот „Rehau“, на втор кат се монтира бакарна инсталација за греење и ладење, додека пак на четврти кат се спроведуваат кабли во станови.

12.05.2020

На објектот се работи активно на неколку позиции. Во првиот влез започнавме со обработка на тавани на 1 и на 2 кат. Вториот кат е комплетиран со нанесување на машински малтер МП75 и се отпочна со работа на 3 кат. Се прави припрема за испитување на довод на вода од 1 до 3 кат, додека пак со изработка на гипсани облоги во станови сме до 4 кат. Во вториот влез се работи на поставување на гипсани облоги на 1, 2 и на 4 кат, додека на 5 кат се поставуваат прозори од марката „Rehau“. 

06.05.2020

29.04.2020

Во првиот влез работиме на неколку позиции. На првиот кат се започна со нанесување на гипсан малтер и се спроведуваат бакарни инсталации за греење и ладење. На вториот кат се поставува инсталација за довод на вода од системот „Rehau. На третиот кат се поставуваат гипсани облоги во станови. На четвртиот кат се монтира столарија „Rehau“. Во вториот влез на 3 и 4 кат се поставуваат гипсани облоги. Со ѕидаријата сме до 7 кат.

22.04.2020

Во моментов на објектот се работи на неколку позиции во двата влеза. Во првиот влез на 1 кат се работи на исполнување на греди и столбови со MP75. На 2 кат се поставува инсталација за довод на вода од системот Rehau, како и изработка на инсталација за клими мултиплит систем. На 3 и 4 кат се прават гипсани облоги во станови, додека на 5 и 6 кат се комплетираат ѕидарските работи. Во моментов се расчистува и се прави припрема за ѕидање на 7 кат. Во вториот влез се работи на каблирање по станови на 2 и 3 кат.

09.04.2020

31.03.2020

Започнавме со поставување на прозори во првиот влез и го комплетиравме до 3 кат. Со машинско малтерисување во купатила сме во вториот влез, додека првиот влез е завршен до 3 кат, додека пак со ѕидање на фасадата и преградни ѕидови работиме на 5 и 6 кат.

18.03.2020

Во моментов се работи на неколку позиции на објектот. Започнавме со поставување на развод за одвод во купатила на прв кат. Со машинско малтерисување во станови сме на 2 кат, додека пак со ѕидање на фасадата и преградни ѕидови сме на 5 кат.

10.03.2020

Во моментов работиме на ѕидање на фасадните и преградните ѕидови на трети и четврти кат, а со спроведување на електрични кабли по станови сме до 2 кат.

03.03.2020

25.02.2020

Изградбата на објектот оди со супер темпо. Се работи на шаловање и армирање на последна плоча на платформа 900. На втор и трет кат се работи на ѕидање на фасада и преградни ѕидови, исто така и на бушење на отвори во плоча за одвод за купатила.

18.02.2020

12.02.2020

Во моментов работиме на шаловање и армирање на плоча на кота 25.24. Во тек е и ѕидање на фасадата и преградните ѕидови на прв и втор кат, а започнавме и со бушење на отвори во плоча за одвод на купатила.

04.02.2020

Во моментов работиме на шаловање и армирање на столбови и платна од кота 22.27 до кота 25.24, односно одиме кон 7ми кат. Во тек е и ѕидање на фасадата и внатрешните ѕидови на објектот.

 

28.01.2020

 

21.01.2020

Избетонирани столбови и лифтовско јадро од кота +19.30 до 22.27. Расчистување на спратови и припрема за ѕидарија.

25.12.2019

Во моментов работиме на армирање и шаловање на плоча на кота + 19.30.

12.12.2019

Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 13.36, односно ја подготвуваме плочата за третиот кат.

06.12.2019

04.12.2019

Работите на објектот се одвиваат по посакуваното темпо. Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 10.39, односно одиме кон втор кат.

27.11.2019

Во моментов се работи на армирање и шаловање на плоча и греди на кота + 7.42, односно за прв кат.

21.11.2019

14.11.2019

Во тек е армирање и шаловање на бетонската плоча на кота 0.0. Се подготвува арматурата за идните позиции.

07.11.2019

30.10.2019

 

22.10.2019

 

 

16.10.2019

Работите се одвиваат по посакуваното темпо. Се работи на шаловање на плоча и греди на кота – 5.64, платформа – 100. Се прави и припрема на арматура.

02.10.2019

Во моментов на објектот се работи на армирање на темелна плоча.

21.09.2019

 

22.08.2019

 

21.08.2019