Модерен дом за тричлено семејство

modern-apartment-17

Од вештите раце на студиото Неополис, ни доаѓа нивниот најнов проект, дом лоциран во Банска Бистрица, Словачка. Според нивниот опис, ентериерот е дизајниран за тричлено семејство. Влезниот ходник е декориран со интересни елементи, како на пример големото огледало кое всушност е продолжение на подот. Кујната и дневната соба се споени во една open-plan просторија, а најинтересниот детал е каминот кој нема оџак. Се прашувате како е тоа можно? Да, исто и ние, но истраживме и дознавме дека се работи за нов систем за горење со био-етанол, кој има убав пламен, а нема никаков чад и е сосема безбеден за здравјето.

Просторот изгледа топло, благодарение на кафените тонови збогатени со весели бои, како портокалова, виолетова и зелена, во зависност од просторијата. Белата гарнитура за седење и светлиот килим во комбинација со сивиот ѕид, на дневната и даваат модерен и современ изглед кој е надополнет со строгите линии на дрвените површини.

 

Имате дизајн кој инспирира? Споделете го со нас за да го вклучиме во блогот, а во меѓувреме – разгледајте ја нашата топ понуда 🙂