Мондријан како инспирација за елегантен дом

Иако помалите станови претежно се избор на младите двојки или сингл момци и девојки, ќе се изненадите колку добро едно семејство може да функционира во стан помал од 50 квадратни метри. Клучот е во практичноста, а со малку имагинација, елеганција и креативност од секој простор може да се создаде удобен и топол дом.

Како пример ви го пренесуваме ова елегантно семејно катче на едно младо семејство. Станот од 46 м2 одлично ја прикажува љубовта која ова семејство ја има кон креативноста и уметноста. Кујната и дневната соба се одделени со убава и креативна преграда, додека ѕидот со мотиви од сликите на Мондријан, носи живост и многу боја во домот.

Креветот на родителите и бебешката лулка се сместени во малата спална соба. Иако ова не е долгорочно решение за детето, сосема е соодветно за овој прв дел од детството.

Дизајнерот во овој дом успеал да вклопи и канцелариски простор, кој е преплавен со природна светлина обезбедува убава работна атмосфера.