Шармантно поткровје кое изобилува со светлина

Swedish-apartment

Зачекорете со нас во ова модерно шведско поткровје облеано со светлина! 😀 Шармантниот шведски град Гетеборг е правото место доколку трагате по прекрасен ентериер. Се цени едноставноста со акцент на бохемски и романтичен стил на живот. Декорирано со многу вкус со доминантна бела со црни елементи, станот бил замислен како open plan простор, доволно широк и отворен за слободно движење. Дизајнирано да ја овозможи целата удобност на еден дом, просторот е светол, целосно опремен со модерни апарати за домаќинство, традиционални греди и камин.