„Си имал среќа! За тебе било речено!“

Сите од нас барем еднаш во животот сме го кажале ова. Или се сеќаваме на нечија ваква изрека. Најчесто, се кажува кога се осигурувате трајно за иднината или нешто ни помага да донесеме тешка, но исправна одлука. А купување на квалитетен и добар дом е навистина една таква голема одлука. Овој блог ќе ви помогне да ја чуете уште еднаш таа реплика доколку сте во потрага по двособен стан на одлична локација со совршен распоред, а за квалитетот и енергетската ефикасност воопшто и не ви се дискутира – тие се обврзувачки и за нив нема преговарање!

Влезот број 1. во комплексот „4°“ на Голден Арт „крие“ две одлични станбени единици на вториот и четвртиот кат. Становите се со идеален распоред и одличен спој на функционалност и естетска пријатност. Импресивното вертикално решение за осветлување на дневниот простор ќе ви даде чувство дека се наоѓате токму на местото кое отсекогаш сте го замислувале како свој дом. Бидете внимателни, доколку првпат ги посетувате овие двособни единици за време на пролетните или летните залези (бидејќи нивната ориентација е запад) златно-жолтата светлина од отворениот поглед и големите прозори ќе ги извлече сама зборовите од вашата уста: “Да разгледаме уште малку ако може…” , а се со цел да поуживате во нивната пријатност уште барем кратко. 😊

Комплексот „4°“ веќе го изгради својот препознатлив имиџ во метрополата како еден пристап кој нуди нов и многу посакуван начин на модерното живеење. Затворениот комплекс опкружен со зелени површини е лоциран на потегот помеѓу бул. “3-та Македонска Бригада” и бул. “Србија” во  Аеродром. Креиран е имајќи го на ум сето она што едно модерно живеење треба да го нуди.

Погледнете го каталогот.

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.

Локација: Аеродром

https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А