Стан инспириран од поп-арт – 35m²

29346a11851051.562535f8618dd-e1446207837833-1280x420
Инспирацијата за овој стан потекнува од средината на минатиот век и е совршено местенце за модерните момци.
Топлите тонови и материјалите кои доминираат низ целиот простор се вешто надополнети со препознатливи мотиви кои потсетуваат на поп-арт. Освен мотивите, кон таквиот впечаток придонесуваат и силните бои како што се сината и црвената.
b307f511851051.5625362d8399d

Главната причина поради која станот е толку функционален е избегнувањето на ѕидови, врати и ходници – просторот е дискретно поделен со поставување три непотполни прегради, па се добива впечаток на ширина и отвореност, а во исто време секое катче ја има својата функција.

3d461311851051.56253603b5b1f

Централно место во станот е ѕидот во сина нијанса со поп-арт мотив кој гледа врз просторот за седење. Ѕидот воедно служи и за одвојување на „предсобјето“, веднаш на влезот, каде се наоѓа и вграден плакар врамен во црвено. Овој контраст постигнат со црвената боја се провлекува низ целиот простор, претежно во детали како перници, столчињата во трпезаријата и ѕидот од црвена декоративна цигла нагласен со паметно поставените фокус-светилки.

29346a11851051.562535f8618dd-e1446207837833

57668f11851051.5625360413cd6

За да се избегне затворање на просторијата, кујната и трпезаријата се одвоени од дневниот престој со вертикални дрвени греди, кои служат и како држач за телевизорот. Дрвото го надополнува подот и заедно со кафената гарнитура од кадифе спречуваат станот да делува преиндустриски, истовремено внесувајќи чувство на природност и топлина.

cc2b5f11851051.56253630e3e90

Кујната е сама по себе уметничко дело. Изработена од црно дрво со бели испишани мотиви, малку потсетува на училишна табла. Доколку е прехрабар избор за Вас, а сепак сакате да имате ваков елемент во станот, можете и самите да го направите тоа како што веќе Ви покажавме 🙂
Просторот добива природна светлина само од една страна, а архитектите сакале да вметнат и спална соба, па нашле соодветно решение и за тоа, спалната и дневната се одвоени со лизгачка преграда која ја пропушта светлината, надополнета со непроѕирни завеси за моментите кога Ви е потребна потполна приватност!

98a92211851051.56253646f19a6

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!