Суперхерои го разубавија дворот на GA02

12312497_10153917907425757_1190154971_n

Има моменти кога на човек му се разубавува денот со нешта кои се чинат толку мали, а се всушност огромни – како искрената детска насмевка. Денот на дрвото често знае да биде само еден обичен ден во годината исполнет со тон обврски за претстојниот период, но ние во Golden Art одлучивме да земеме здив само на кратко, да го одбележиме 2-ри Декември како што е редот и да придонесеме за поздрава околина.

Бидејќи дрвјата се белите дробови на планетата Земја, може слободно да се пофалиме дека објектот GA02 од вчера има нови бели дробови! 😀 Борчиња ќе го красат дворот на зградата и зиме и лете, а и секојдневно ќе го прочистуваат воздухот за станарите. Секако, ова не би можеле да го направиме без ведрите лиценца и вредните рачиња на овие мали суперхерои кои дефинитивно се посилни и од Супермен и Бетмен заедно!

12348490_10153917906920757_1270336838_n

12312555_10153917907390757_1487288972_n

12312497_10153917907425757_1190154971_n

12086774_10153917906860757_1540351304_n

Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!