Црвено-бел живот во 25m²

montmatre-apartment-Freshome-022

Никогаш доста од предизвици! Што ако ви кажеме дека можете да имате сè што Ви е неопходно во помалку од 25m²?

Овој стан е буквално соба претворена во место за живеење, и во неа брилијантно се сместени спална, дневна, кујна и бања!

Просторот за складирање е максимално искористен со вметнување ормарчиња на сите места кои тоа го дозволуваат, а дополнително креветот и софата нудат место за складирање заштитено од прав.

Доколку ви доаѓаат гости, софата во дневната се продолжува до кревет во кој удобно можат да се сместат двајца.

Панелот меѓу дневната и спалната бил првично ѕид, но архитектите визуелно го прошируваат просторот оставајќи ја само структурата, постигнувајќи уникатен естетски ефект. Ова исто така обезбедува повеќе природна дневна светлина.

Бањата е вешто скриена во позадината и целосно се вклопува во црвено-белиот дизајн. Палетата на бои е посебно примамлива поради контрастот што го дава со дрвениот под.


Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!