Вашиот сончев раскош – идеален трособен стан во објектот „4°“

Доколку сте во потрага по совршен сончев раскош за вас и вашето семејство, објектот „4°“ на Голден Арт е вашето место. Создавајќи ги трособните станбени единици сместени на исток во „4°“  објектот ние се водевме од визијата дека секој од нашите идни станари треба да го доживее она магично чувство: Eдвај да чекате да си дојдете дома, во топол, осветлен дом во кој ќе се чувствувате заштитено, удобно и хармонично.

Нашата цел јас исполнивме со големите прозорци во дневниот престој кои гледаат на исток, внимателно одбраната локација и уште повнимателно избраниот распоред на просториите. Се разбира, проверениот  Голден Арт систем на градба е неодминлив и во „4°“. Со сигурноста и безбедноста на материјатлите дури и во овие тешки времиња за градежниот бизнис – едноставно нема место за компромис во „Голден Арт“!  Отворениот начин на уредување на овие единици, додава екстра вредност – ваквото уредување на просторот дозволува светлина и психолошка отвореност, подобра интеракција помеѓу сите членови на семејството затоа што дневниот простор и трпезарискиот дел се споени со кујната. Исполнувањето на желбите во подготовка на вкусните оброци е сега полесно, вниманието додека готвите кон вашите најмили е гарантирано! Ако пак, приготвувате вкусно мезе или специјална вечера за вашите пријатели, вие нема да пропуштите ниту еден збор од шегите или новите муабети – вие сте присутни на вашата приватна журка постојано. Докажаниот Голден Арт систем на градба не уверува дека и после години ќе добиваме насмевки на задоволство од вас, доколку се одлучите да ја продолжите вашата лична приказна во некој од овие луксузни трособни станови.
Овој источен и светол распоред од безмалку 70 квадратни метри (69.40 м2) на станови е достапен на секој непарен од првиот до деветтиот кат во комплексот „4°“.

Приватноста е нешто со кое никогаш не правиме компромис, па така трособните станови во „4°“ затворениот комплекс во најурбаната скопска населба Аеродром се нашата гордост, идеални станбени единици за едно поинакво и неверојатно полесно семејно живеење. Било која скопска населба е полесно и побрзо достапна од вашиот трособен дом во „4°“, затоа што тој е сместен помеѓу широкиот булевар „3.Македонска Бригада“ и бул. „Србија“.  Ваш баланс меѓу брзото и квалитетното удобно живеење. Доволно далеку за квалитет на живот и приватност, доволно блиску да „скокнете“ до епицентарот на Скопје за минута.

Погледнете го каталогот овде.

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на  071/225-888 или 075/225-888.

Локација: Аеродром

https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А